Прво се почнува со припрема во амбуланта пред да дојде миленикот. Стерилизација на инструменти во стерилизатор, дезинфекција на хируршката маса и просторија.
Од кога ќе дојде миленикот кој е спремен на закажаниот термин (гладен и жеден 12 саати) се врши преглед и се воведува во анестезија. По апликација на анестезијта се врши припрема на операционото поле (шишање, бричење, дезинфекција) и од кога ќе се заврши со тоа, врз операционото поле се ставаат стерилни прекривки за една употреба и се почнува со хируршкиот зафат.
Кај повеќето операции користиме современ електрокатер кој ни овозможува лесно и прецизно оперирање со намалена можност за крварење во тек на операција и во постоперативниот период.
По завршената операција даваме и препишуваме адекватна терапија на миленикот која ќе му помогне да се чуствува подобро во постоперативниот период.
По завршетокот на целата интервенција му укажуваме на сопственикот што да очекува и како да се грижи за својот миленик во наредните 2-3 дена. Остануваме достапни за било која консултација и се гледаме повторно на контрола за 3 дена.
КОРИСТИМЕ НАЈМОДЕРНИ ТЕХНИКИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ОВИЕ ИНТЕРВЕНЦИИ СО МНОГУ МАЛИ РЕЗОВИ, КОИ ПРОДИДОНЕСУВААТ ЗА ПОБРЗ ПОСТОПЕРАТИВЕН ПЕРИОД.
телефони за закажување и консултации:
078 206 972 078 442 627