Оралната хигиена е важен предуслов за здравјето на кучињата

Забниот каменец претставува темна наслага на површината на забите а може да биде со различна боја и конзистенција. Се состои воглавно од фибрин, епителни клетки, состојки на плунката и е поволна средина за развој на бактериите. Може да биде причина и за непријатен здив од устата.


Наталожениот каменец често предизвикува појава на гингивитис-воспаление на непцата, кои се отечени и зацрвенети а подоцна може да дојде и до патолошки промени на вратот на забот. Што се однесува на усната празнина и негата на забите, постојат доста препарати кои имаат задача да превенираат создавање на забен каменец и да го елиминираат непријатниот здив од устата. Пастите за заби се со вкус на пилешко, така што кучињата добро ги прифаќаат. Со редовно миење на забите ги одстранувате бактериските колонии и на тој начин вршите превенција на болести на усната празнина. Значи миењето на забите на сите раси на кучиња е препорачливо со цел превенција на болести на забите и усната празнина, како и непријатниот здив.

 

После 2 години на повторно чистење.

Чистење на забен каменец на 7 годишна шпиц женка.


Стерилизација и чистење на забен каменец.

Чистење на заби и вадење на заб, затоа што осеќал болка при јадење.

Стерилизација и чистење забен каменец на 6 год кучка.

Овде немавме избор. Моравме да ги извадиме сите заби.

На 8.5 години старост прв преглед и прва интервенција.

Долгото одложување на чистењето доведува до оваа состојба.

Лаки нема повеќе непријатен здив.

Стерилизација, чистење на забен каменец и вадење на заби.

Кастрација и чистење на забен каменец.

Чистење на забен каменец и вадење на катен заб кој имаше воспаление на коренот.

 

Пишува: Др. Радомир Петрушијевиќ ДВМ