Размножување кај кучињата.
Размножувањето е физиолошка појава, која кај секоја врста овозможува опстанок во светот. Во слободни услови размножувањето се обавува нагонски и без одреден план.
Во животот остануваат само оние единки кои можат самите да се изборат за својот опстанок. Останатите кои не се во состојба се осудени на пропаст. Така е израчунато ако целиот пород на кучката се зачува и понатаму се размножува , тогаш за 12 години би биле 85000 кучиња. Земајќи го ова во предвид, сопствениците на расни кучиња, водат сметка нивното размножување да биде планско и со одредена цел.
Полова зрелост.
Нагонот за парење може да се јави во многу рана возраст ( 3 или 4 месец ) со подскокнување на другите врсници без разлика дали се машки или женски. Ова може да се нарече и психички нагон, затоа што кутрето во оваа возраст не е полово зрело. Мажјаците полово созреваат дури во шестиот месец, а кај женските првите знаци на парење се јавуваат околу деветиот месец. Најдобар период за парење кај кучките е после 14 месеци, кај мажјаците кога ќе наполнат 18 месеци. Кучките можат да се парат до навршени 8 години и најдобро е едно легло на годишно ниво.
Првиот знак на полова зрелост кај кучките е нејзиното така наречено терање, кое се појавува два пати годишно. Еден од првите видливи знаци дека кучката се спрема за парење е отекување на вулвата. Истовремено почнува да се цеди темен исцедок или познато како крварење кој има специфицен мирис.
Полово зрелите мажјаци го осеќаат на далечина од 5 км. Во тоа време таа е немирна и често пати има желба да побегне. За сопствениците е многу важно да ја откријат оваа состојба на време, затоа што од тоа зависи успехот на парењето или дали сакаат да избегнат бременост.
Време за парење.
Најдобро време за парење е од 9 до 15 ден појавата на темниоит исцедок. Со земање на брис од половиот орган може точно да се одреди кога е најдобро за парење односно кои се плодните денови. Уште еден знак дека кучката е спремна за парење е тоа кога дозволува да и се прилижи мажјакот. Во таа ситуација таа ја подигнува опашката на страна ...
и задниот дел го мести према него. Ова може сопственикот да го испроба и без присуство на мажјак. Кога би се извршил притисок на слабинскиот дел таа би ја подигнала опашката што значи дека е време за парење. Мажјаците во секое време се спремни за парење, но се препорачува на мирно место.
и задниот дел го мести према него. Ова може сопственикот да го испроба и без присуство на мажјак. Кога би се извршил притисок на слабинскиот дел таа би ја подигнала опашката што значи дека е време за парење. Мажјаците во секое време се спремни за парење, но се препорачува на мирно место.
Гравидност.
Времето од зачетокот на плодот па до кучењето се нарекува гравидност или скотност. Гравидноста на кучките обично трае 63 дена. Меѓутоа се случува таа да се окучи 5-6 дена порано или 2-3 покасно од наведениот рок. Има повеќе методи за утврдување на гравидност. Предглед со ултразвук. Анализа на крв.Може со палпација на стомак во шестата недела. Овде може да се земе во предвид и зголемениот апетит поради кој доаѓа до приметно проширување на стомакот во слабинскиот дел. Што повеќе гравидноста расте таа станува се потромава, нема желба за шетање и сака повеќе да лежи.
За успешно окучување многу битно е слободното движење, затоа што тоа влијае на правилната работа на внатрешните органи. Треба да се ограничат напорните тренинзи, да се избегнуваат сите скокови и тежок физички напор да биде елиминиран. И долгите прошетки пред самото окучување да се избегнуваат.
Окучување без интервенција.
За окучувањето потребно е да се обезбеди чиста просторија со доволно светлина, свеж воздух и умерена температура. Ако окучувањето се одвива летно време, тогаш не се потребни некои посебни простирки, а ако и во зимно време просторијата е добро загреана, ни тогаш не се потребни. Нормалното окучување се одвива полека, со паузи од 20 минути до пола саат помеѓу кученцата. Ако овие паузи се многу подолги, тогаш е потребна помош од ветеринар.
Одгледување на кученцата.
После окучувањето, на кученцата му е потребна добра грижа од мајката и сопственикот. За секој сопственик е важно да одгледа здрави и нормални кучиња. Доколку мајката во гравидноста била здрав, добро ухранета или генерално во добра кондиција, тогаш и кучињата ќе се развијат добро. Единствена храна на младите во првите 15-20 денови е само мајчиното млеко, кое го примаат со цицање. За да има доволно млеко, кучката потребно е да се храни правилно, затоа што недоволната исхрана е главна причина за престанок на лачење на млекото.
Исхрана на кученцата.
Кученцата по правило би требало да цицаат околу 40 дена. Подолга исхрана со мајчиното млеко не е потребна, затоа што може неповолно да се одрази на кучката. Но и таа почнува да ги одбива по истекот на тој период.
После третата недела може да се почне со прихранување. Раниот почеток на прихранување има добри страни- кучката се растеретува и добро ги дои оние на кои им недостасува млеко. Храната за прихрана во првиот период треба да биде многу слична со мајчиното млеко. Познато е дека млекото на кучката е три пати по масно од кравјото. Тоа содржи доста протеини и минерални материи, но недоволно млечен шеќер. Зaради тоа за прихранување потребно е да се припреми храна која ќе биде најслична со млекото на кучката. Тоа би се постигнало кога на кравјото млеко ќе се додаде слатка павлака, шеќер и витаимини А и Д.
Ваква храна се дава во првите денови, само ако со прихранувањето се почнало порано. Со растењето на кученцата постепено е потребно да им се дава храна од животинско потекло. Оброкот на едно кученце треба да изгледа вака: две супени лажички млеко, 5-10 грама иситнет леб и мелено месо ( колку еден орев). Како ке напредуваат така ќе им се зголемува количината.
Еве една од многу бројни таблици по која се може да се хранат кученцата од 3 до 6 недели. По привот рецепт смесата треба да се направи од 33 % пченкарно, 30 % пченично, 16 % месно брашно, 5 % млеко во прав, 13 % соино, 2 % коскено брашно и 1 % витаминска смеса.
Кученцата по правило пред и после одбивањето се прихрануваат 4 до 5 дневно, а покасно 3 пати. Оброците временски треба строго да бидат одредени. Одбивањето се врши со постепено заменување на доењето со оброци за прихранување. Одбивањето почнува после 35 ден.
Споделете ја содржината...