Пародонталната болест е инфекција помеѓу забите и непцата што може да предизвика оток, лабави заби, болка, потешкотии при јадење, па дури и исцедок од носот. Ние секогаш ги едуцираме сопствениците на кучиња да ги бараат следните промени како што се жолти или кафени заби, црвени или отечени непца и доколку имаат потешкотии во џвакањето да закажат преглед.
Ако вашето куче покаже некој од овие или други знаци како што се лабави заби или болка во устата, потребно е веднаш да се интервенира. Самиот преглед ќе се состои во барање на знаци и причина на инфекција, и следствено на тоа ќе се направи план за понатамошно лекување.
Пишува: Др. Радомир Петрушијевиќ ДВМ