ОДРЖУВАЈТЕ ЈА ОРАЛНАТА ХИГИЕНА НА ВАШИТЕ МИЛЕНИЦИ НА ВИСОКО НИВО!



Доколку забележите промени во устата на вашето куче како што се промена на бојата на гингивите, оток, рани, непријатен здив... контактирајте го вашиот ветеринар веднаш.

Било која од овие промени може да бидат знаци дека вашето куче се соочува со болест во усната празнина односно состојба која бара третман .

Постојат вообочаени и чести заболувања на усната празнина кај вашиот миленик кои се јавуваат и кои наложуваат да го контактирате ветеринар кој ја позанава оваа проблематика.


Една честа состојба е Халитоза(Halitosis) лош здив -  може да биде првиот знак за проблем со оралното здравје на вашето домашно милениче. Халитоза се јавува кога бактериите од храната се заглавуваат во устата на вашето куче. Инфекција исто така може да предизвика лош здив.

Ако здивот на вашето домашно милениче е умерено лош, започнете со почесто миење на забите. Халитозата обично може да се третира со редовно четкање, но ако е предизвикана од нешто посериозно - како инфекција, плак, забен каменц или дури и бубрежна болест - веднаш посетете ветеринар кој ја позанава оваа проблематика.


Пишува: Др. Радомир Петрушијевиќ ДВМ