Тренинг, социјализација и учење на малите кутриња
1. Водство и контрола
Кучињата се социјално ориентирани
во глутници. Кога кутрињата ќе се донесат во домот ефективно фамилијата станува
еден вид сурогат глутница. Кучињата ќе се адаптираат добро се додека членовите
на фамилијата завземат положбана лидери односно покажат лидерство и со тоа кој
ќе се покаже како најдобар лидер тој ќе ја ја превземе улогата на лидер на
глутницата и ќе ја превземе контролата врз кутрињата. На кутрињата мора да им
се покаже водство и дирекции ако да се однесуваат во просторот. Доколку не се превземе иницијатива да им се
даде водство и покаже каде им е местото на движење и извршување на основните
физиолошки потреби сами ќе се пронајдат
пат да тоа го сторат и тогаш моментално ја губиме контролата врз нив и потоа
тешко може да ги контролираме.
2. Тренирање и учење
Потребни се неколку минути за да се научи кутренцето на командата да седне на
едноставниот принцип намамување со храна низ вежба. За да се научи командата стани
седни се изведува на тој начин да се земе парче храна да се доближи до
сопственикот со повикување да дојде и кога ќе ја допре хранта намерно се подига
со прстите над неговата глава каде на тој начин ке ја исправи и завзема
позиција да седне и во тој момент му велиме седни за да ги научи командите од
рана возраст. Овој начин треба постојано да се повторува секојдневно за да
самото научи и стекне навика. Овој начин со награда со храна може да се примени
како метода се научи каде да го исфрла изметот и уринира.
Друг начин или метода може да
биде команди со каишка и подводник. Со изговарањето на командата седни и
повлекување на каишката према сопственикот да седне или да се повлече додека
кратко нагло потегнување или едноставно појдување на сопственикот појдува и
самото куче со наредбата стани или ајде.
3. Деструктивно однесување, гризење и копање
Кога се наоѓа кутрето во дворно
место зависно од расната одлика прави неред од типот јадење гризење
дрвца,влечки итн. Или копање и правење дупки ( маламут и сибирска хааска) додека
териерите копаат ситни дупки барајќи глодари и сл. Овие промени најчесто ги
поседуваат кутрињата на кои не им е посветено соодвеетно внимание. Ова се
средува на тој начин да кутрињата почесто се движат и шетаат како и прскање на
дворот со прскалки за да неможат да копаат.
Што се однесува на џвакањето све
што им доаѓа пред нив се предложува да се користат играчки од долготрајна јака
гума и сличен материјал и притоа да се менуваат различно секој ден и да се дава
награда после секое играње и гризење на играчката.
4. Непослушност
Непослушност на кутрињата е
најизразена за нивната возраст меѓутоа низ тренинг може да се дојде до
соодветен напредок во нивнот реагиеање во својата средина на живеење.
На прво место секогаш треба да им
се овозможи на кутрињата соодветное вежбање,играње и внимание за задоволивање
на нивните потреби. На прво место е основниот трениг со давање награда. За
малите кутриња битна е средината во која се наоѓаат. Сопствениците треба да
посветат внимание и на кутрињата кога тие спијат,одмараат и лежат за разлика од
досегашната пракса кога сопствениците реагираат и посветуваат внимание кога
кутренцето се однесува соодветно(цивка,скока,рипа гризе итн.). Во тој случај не
треба да се дава награда и сопственикот треба да го остави кутерто да се смири
или да замине од него. Корекцијата на непослушноста се изведува на тој начин со
командата седни или легни, или со каишка и подводник. Друга опција која доаѓа
во обзир со соодветни казнувачки алатки или апарати како свирка,ултрасоничен тренер
или тресење на конзерва за да му се одвлече вниманието. Физичкото казнување
секогаш треба да се избегнува.
Др.Самоил Голубовски ДВМ