Верни до крајот - го жртвувал својот живот за својата фамилија

фото: Facebook / Achy Wijaya

Сигурно до сега се имате уверено дека  кучето на човекот е најдобриот пријател, а од Индонезија ни доаѓа трагична приказна, за уште еден доказ на неизмерна храброст кај куче кое што заради својата фамилија го жртвуваше сопствениот живот.

Приказната се има случено во местото Марауке во Индонезија.Сопственикот Ачи Вијаја се разбудил рано наутро и во двориштето го пронашол своето куче како неподвижно лежи. Во текот на ноќта неговите сопственици го слушнале како лае, но мислеле дека тоа е поради мачките и не излегле да проверат што се случува.
Наместо мачки, во дворот влегле  разбојници  кои што имале планирано  таа вечер да влезат  во куќата но кучето почнало да ги лае. За да му се осветат, му дале отров. Кучето за жал наседнало на нивниниот план, а следното утро  кога го пронашол сопственикот, веќе било доцна.Од устата му излевала пена,а очите му биле насолзени. Најблизок ветеринар им бил предалеку и за кучето немало спас.
Ачи после ова непријатно и лошо искуство ја праќа следната порака до сите сопственици на кучиња – кога и да слушнете вашето куче непрестано да лае, обавезно излезете надвор и проверете за што се работи.