Што кога кучето често ги лиже гениталиите?


Сопствениците на машките кучиња доста често бараат совет од ветеринар во врска со гнојниот исцедок од препуциумот. Понекогаш и не се забележува ништо друго освен кучето интензивно да ги лиже своите гениталии. Мали количини на жолто-зелен исцедок се нормална појава кај мажјаците и обично се јавува негде во периодот на пубертетот. Таквиот исцедок не мора да ве загрижува посебно ако кучето е со добра општа состојба, нормално јаде и нема никакви други симптоми.

Засилениот препуцијален исцедок може да укажува на некои заболувања како што се хипертрофија на простата, повреди предизвикани од хиперсексуални однесувања, страно тело во препуциумот, тумори на пенисот и слично. Посебно ако исцедокот е крвав, потребно е веднаш да се однесе на ветеринар на преглед.
Прегледот на пенисот не е непријатен, а со надворешен преглед ветеринарот веднаш ќе заклучи дали е се во ред. Простата се прегледува ректално што истотака не е болно, така што прегледот е краток, не е инвазивен, а ни кажува дали исцедокот треба да загрижува или не. Сопственикот треба да даде информации за бојата на исцедокот, колку долго е присутен, дали кучето го променило однесувањето и слично. Кај патолошките промени на пенисот обично е присутна болка, која сопственикот најпрво ја забележува. Кучето кое има болки во областа на гениталиите е подгрбавено, тешко оди и е безволно. Кај траумата е можна и фрактура на пенисната коска околу која настануваат големи хематоми. Траумите на гениталиите спаѓаат во итни случаеви, а најчесто се случува во време на парењето. Прво се прегледува самиот препуциум и се бараат остатоци од исцедокот како би ги потврдиле забелешките на сопственикот. Потоа се прегледува пенисот, тестисите и околната кожа каде може да се најде влезно место ако е во прашање страно тело. Проблемите со простата се присутни воглавном кај кучињата од средна и постара животна возраст. Доколку се работи воспалителни промени на простата, ректалната палпација е по правило болна. 

Кастрацијата во потполност ги елиминира сите проблеми со простатата, па кај кастрираните кучиња мора да се фокусираме на други можни причинители на исцедокот. После извршените хируршки зафати на кучињата секогаш се поставува прашањето како да ја заштитиме хируршката рана од лижење, чешење и слично. Животните после хируршкиот зафат се однесуваат доста различно. На некои не им паѓа на памет да ја допираат раната, бидејќи тоа им предизвикува болка, па тие се идеални пациенти кои мируваат после операцијата. Оние кои се потемпераментни претставуваат поголем проблем. По секоја цена настојуваат да дојдат до шевовите, ја лижат раната и се обидуваат да ги искинат шевовите. Методата на заштита на раната зависи првенствено од тоа на кој дел од телото е извршен хируршкиот зафат. Погодни за заштита на раната на областа околу главата и стомакот е Елизабетската крагна. По правило нема поголеми проблеми после операцијата доколку се следат упатствата од ветеринарот. Оперираните животни не смеат да се остават без надзор, не смеат да лежат на нечиста подлога и не смее да се дозволи да ја лижат раната.

Пишува: Др. Радомир Петрушијевиќ ДВМ 











Оставете ја вашата e-mail адреса и останете информирани.
* indicates required