Oрална хигиена кај кучињата


Оралната хигиена е важен предуслов за здравјето на кучињата. Најчести проблеми во врска со забите на кучињата се гингивитис, забен каменец, кариес. Со миење на забите го превенирате настанувањето на овие проблеми. Кариесот настанува како последица на делување на бактерија која ги разложува јаглехидратите и така се создаваат органски киселини. Оштетената глеѓ е поволна за населување на бактериите. Поради кариесот доаѓа до деминерализација на забите.

Забниот каменец претставува темна наслага на површината на забите а може да биде со различна боја и конзистенција. Се состои воглавно од фибрин, епителни клетки, состојки на плунката и е поволна средина за развој на бактериите. Може да биде причина и за непријатен здив од устата.

Наталожениот каменец често предизвикува појава на гингивитис-воспаление на непцата, кои се отечени и зацрвенети а подоцна може да дојде и до патолошки промени на вратот на забот. Што се однесува на усната празнина и негата на забите, постојат доста препарати кои имаат задача да превенираат создавање на забен каменец и да го елиминираат непријатниот здив од устата. Пастите за заби се со вкус на пилешко, така што кучињата добро ги прифаќаат. Со редовно миење на забите ги одстранувате бактериските колонии и на тој начин вршите превенција на болести на усната празнина. Значи миењето на забите на сите раси на кучиња е препорачливо со цел превенција на болести на забите и усната празнина, како и непријатниот здив.


Оставете ја вашата e-mail адреса и останете информирани.
* indicates required