Третиот очен капак ( membrane nictitans ) кај мачките се наоѓа во внатрешниот агол на окото. Со горниот и долниот капак, помага во заштита на окото на мачките од низа опасности, како што се прејако светло или пак страни тела. Истотака го чисти дебрисот од окото. Кај некои мачки мал дел од овој капак е видлив цело време. Кај други мачки е видлив кога се болни и е добар индикатор на состојбата. Меѓутоа видливиот трет очен капак не е секогаш знак на болест. Од непознати причини таа состојба ќе се појави низ неколку дена и кај здрави мачки.
Но, ако остане видлива подолго од два дена, мачката би требало да се однесе на ветеринар на преглед. Видливиот трет очен капак може да укажува на проблеми со очите, но може да укажува и на општо пореметување во организмот кој најчесто е врзан со системот за варење, но може да биде и знак на некое заразно заболување ( заразен перитонитис) и метаболички болести. Причинители на пролапсус на третиот очен капак може да бидат неуроген- енцефалитис, потрес на мозокот, тетанус, страно тело под капакот, различни хемиски средства и физички фактори. Пролапсус може да се јави и како секундарна појава кај тумор, атрофија, микрофталмус ( помало очно јаболко, а често може да се јави и недостаток на горниот капак, па кожата на тој дел често директно преминува во кожата на лицето или челото ). Може да се работи и за парализа или хиперплазија на третиот очен капак. Терапијата се спроведува така што се лечи примарната болест, а екстрипацијата се изведува само кај хипертрофија, тумори и парализа на третиот очен капак. Од воспалителните пореметувања чест е фоликуларниот коњуктивитис. Лимфоидните фоликули физиолошки се наоѓаат од внатрешната страна на третиот очен капак, под коњуктивата. Кај хроничните антигени стимулации кај мачките можат да се појават лимфоидни елементи и на предната страна(кај хронични инфекции со хламидии).
Фоликулите се отсрануваат со физички методи со спроведување на антибиотска терапија. Доколку се работи за повремена протрузија, кога се отстрани примарниот причинител ( болеста поради која настанала ),би требало да дојде до спонтано повлекување на третиот очен капак, меѓутоа, доколку се работи за трајна протрузија ( која смета на видот ), лечењето е искључиво по хируршки пат. За вашата мачка што подобро да ги преброди здравствените потечкотии ви советуваме да ја исчистите од внатрешни паразити, и да ја храните со квалитетна храна.
Очите можете да ги чистите со вата натопена со некои од препарати за нега на очите, и после тоа ветеринарот ќе ја одреди понатамошната терапија со антибиотски масти или други лекови. Точната дијагноза не е можно да се постави без општ клинички и специјалистички преглед на животното, а без дијагноза не е можно да се одреди терапија, така што за прашањата околу адекватната терапија морате да го контактирате својот ветеринар и со мачката да отидете на преглед во амбуланта.