Кои кучиња се најдобри за децата?



Сите деца порано или подоцна го гледаат Леси или Дамата и Скитница, и сфаќаат дека за следниот роденден сакаат да имаат кученце. Но наместо да дозволите на детето да одбере куче само затоа што му е слатко, би требало да се распрашате за која раса се работи, со каков темперамент е  кучето и колку е активно.


Булдог

Булдозите се со цврста градба па се идеални за децата кои сакаат груба игра, но никогаш нема да освојат награда за најактивно куче на годината. Булдозите се послушни и оддадени, а воглавном и добро се согласуваат со останатите миленици па се одлични за куќни кучиња.


Бигл

Популарниот цртан лик Снупи е бигл. Иако во почетокот биле ловечки кучиња, бигловите се одлични куќни кучиња кои без проблем можат да држат чекор со активни деца. Освен што се издржливи, бигловите истотака сакаат игра па се паметни и весели. Единствен недостаток на овие прекрасни кучиња е тоа што бараат често бањање и чешлање.




Бишон хаванезер

Како што кажува и самото име, хаванезерот потекнува од Куба, а е весел, мал и разигран. Хаванезерот спаѓа во групата за придружба и забава. Ни денес со сигурност не може да се разоткрие како настанал, но се смета дека потекнува од болгнезот и малата пудлица.
Иако на Куба е доста редок, бишон хаванезерот последните години доживува обновување на поплуларноста како во светот така и кај нас. По својата природа ги обожава луѓето и силно се врзува за семејството па е извонреден чувар на куќата. Спрема децата е исклучително толерантен и секогаш спремен на игра и галење.


Шкотски овчар

Најпознатиот шкотски овчар беше Леси, со причина. Оваа раса е полна нежност и самодоверба. Шкотските овчари е лесно да се тренираат бидејќи обожаваат да угодуваат на своите сопственици. Иако сепак е во прашање овчар, немојте да се изненадите ако се обиде да ги доведе децата во ред- едноставно научете го да не го прави тоа. Шкотските овчари бараат доста чешлање бидејќи се со долго влакно.



Њуфаундлер

Овие кучиња ги обожаваат децата и ги чуваат од секаква опасност. Нежни се и трпеливи и се одлични кучиња за семејство на кое не им пречи да имаат големо животно кое доста лачи плунка по куќата. Њуфаундлерите се истотака одлични пливачи па можете да ги водите на бањање.


Оставете ја вашата e-mail адреса и останете информирани.
* indicates required