Зошто мачките гребат и како да го спречиме тоа?
Мачките гребат од повеќе причини :
1.Ги отстрануваат надворешните обвивки на ноктите и ги турпираат/ ги острат ноктите
2.Оставаат мирис на предметите да ги обележат.
Ако не сакате мачката да го гребе мебелот морате да и дадете одговарачка алтернатива како што е за таа цел посебно направената стругалка, а истотака морате да ја научите мачката како да ја користи. Таа може да се направи од брановиден картон, од дрво и др. Ако мачката сака да го гребе подот, тогаш дајте и стругалка која може да се простира по подот, а ако сака да се испружи на задните нозе, дајте и висока кула на чиј врв е стругалката. Ако мачката не е навикната на стругалка, ќе биде потребно да ја истренирате така да би ја одбрала стругалката наместо мебелот. Тоа може да го постигнете со следнава комбинација :
-Втријте валеријана на стругалката за да ја привлечете мачката
-Покажете на мачката како да ја користи стругалката, така што ќе правите соодветни движења со раката додека таа ве набљудува ( не ја фаќајте за шепите за со нив да гребе, мачките не сакаат да бидат фаќани за шепите, така што со тоа можете само да ја уплашите ).
-Подигнете ја мачката и однесете ја до гребалката кога и да видите дека гребе на погрешно место.
-Попрскајте со вода кога и да гребе да погрешно место, а секогаш наградете ја кога го прави тоа каде треба.
-Прекријте ги местата која мачката сака да ги гребе со двострана леплива лента, или некое друго средство.
Методот на отсранување на канџите е доста дискутабилен. Доколку ги отстраните канџите на мачките која слободно останува надвор ќе го отстраните нејзиниот главен одбрамбен механизам, ќе ја уништите нејзината способност брзо да побегне од опасност, ќе и го отежните па дури и оневозможите скокањето и качувањето, што може да ја загрози нејзината рамнотежа, па со самото тоа мачката може да постане депримирана.