Како да ги миете забите на вашето куче?


Мијте ги забите на вашето куче редовно. Можете тоа да го усовршите така што ќе се однесувате како вистински лидер, бидете смирени и одлучни. За почеток набавете ги сите производи кои се потребни за правилно одржување на хигиената на забите на вашето куче.

Бидете лидер

Пред да почнете со хигиената на забите морате да се поставите себе си како “лидер на глутницата”. Шетајте го кучето секој ден и вие водете го него, немојте да дозволувате кучето да ве води и да ве влече. Кучињата имаат вроден инстинкт да бидат дел од глутницата. Со правилна постапка вашето куче ќе стане следбеник во вашата глутница. Овозможете на својот миленик разнолик живот кој ќе го засили позитивното и послушно однесување. Мијте му ги забите секој ден во исто време, така како што гo шетате или храните.

Нежен пристап

Пријдете му на вашето куче таму каде се чувствува најопуштено. Почнете да го галите и фалите, а потоа полека почнете да му ја масирате устата и непцето. Кога вашето куче потполно ќе се опушти почнете да му ги миете забите и продолжете да му зборувате со смирен глас.

Играчки за заби

Дајте му на вашето куче специјални играчки и деликатеси кои ја одржуваат хигиената на забите. Јаже и гумени играчки за џвакање, чипс од сурова кожа и специјални бисквити се доста добри за тоа. На овој начин вашето куче ќе се чувствува сакано, додека се забавува со играчките и додека биде наградуван со разни деликатеси, ќе ја одржува и хигиената на забите.

Алтернативни решенија

Перничиња за хигиена на забите ќе ви овозможат полесено маневрирање околу устата на вашето куче. Користете специјални перничиња за чистење на очниците ако миењето на забите претставува предизвик. Со помош на марамици и перничиња од гази чистете по некоклу заби а не еден по еден со четкичка.


Оставете ја вашата e-mail адреса и останете информирани.
* indicates required