Научниците кажуваат дека е доста важно какво име давате на својата мачка


Дојде тој ден и се е спремно мачето да влезе во вашиот дом. Прва задача, изборот на мачето е успешно завршен, но... Изборот на името може да ве стави на “ тешки маки “. Понекогаш, името може да дојде само од себе, но во некои случаеви, сопствениците кажуваат дека тоа не е едноставна одлука.

Научниците сега одат чекор напред, обидувајќи се да помогнат на сопствениците, па им даваат некои насоки како да пристапат во случајот за одбирање на името.
Еден од најпопуларните начини за избор на имињата на мачките е да се“ вратите во минатото “. Многу сопственици се одлучуваат да ја именуваат својата мачка по сеќавањето на детинството или миленичето кое сте го имали некогаш.

Научниците, истотака кажуваат, дека треба да се избегнуваат имиња кои звучат како наредби. Со оглед на тоа дека мачките немаат способност да ги разберат нашите барања, тие се раководот по звукот, па немојте да користите имиња кои звучат слично на наредби кои им ги зборувате секojдневно. Тоа може да ја збуни мачката.

Нејзиното име треба да звучи различно. Името треба да биде кратко, со една или две самогласки. Дајте предност на тврдите согласки (како “к”,”д” или “т”), а избегнувајте ги меките (како “ф”,”с”, “ц “ или  “ м“ ). Кога ќе го изберете името, потрудете се мачето лесно да се навикне на него. Сопствениците кажуваат дека тоа ќе го постигнете најбрзо, ако го повторувате неговото име додека му давате храна.


Оставете ја вашата e-mail адреса и останете информирани.
* indicates required