Како да препознаете болест во устата на својот миленик


Забите никнуваат со прогресивен раст на корените. Времето на никнување варира од вид до вид, од раса до раса и е одредено за секој заб поединечно. Факторите кои влијаат на тоа се многубројни, но во некои од пресудните спаѓаат: здравствената состојба на животното, ухранетоста, полот, големината на телото и годишното време во кое е родена единката.

На пр. Забите на женките и големите раси на кучиња, како и единките кои се родени во лето никнуваат побрзо во однос на кучињата од малите и џуџести раси, мажјаците и оние кои се родени во зима.

Поради контрастните бои со останатите структури на усната празнина, забите се најочигледни структури во устата. Површината на здравиот заб треба да биде со еднаква густина, бела боја и да допир мазна. Во споредба со кучешките, забите кај мачките се нешто пожолти. Кога вилицата е затворена и загризот правилен, долните очњаци се наоѓаат помеѓу горните очњаци и третите инцизиви.


Неправилна положба на секачите на горна и долна вилица.

Орофарингеалните болести се јавуваат доста често и се вообичаени како кај кучињата така и кај мачките. За жал, често се случува знаците на овие заболувања да останат неприметени се до моментот кога единствена можна терапија е- вадењето на забот. Многу системски болести можат да доведат до вакви симптоми, а необраќањето внимание на таквите заболување понекогаш можат да доведат до фатален исход.


Краен степен на парадентопатија која може да 
биде и причина и за некое системско заболување

Ова се основни симптоми на орофарингеални заболувања кои можат да се препознаат:
Непријатен мирис од уста: Ова е еден од првите и најчести знаци на болести кои настануваат со таложење и трулење на храната во устата. Кај некои единки мирисот може да потекнува од желудникот и лесно се корегира со адекватна и лесно сварлива храна, но секако е загрижувачки симптом поради кој треба да се побара стручно мислење.

Инапетенца: Одбивањето на храна може да биде поседица на висока температура, апатија или било кое системско заболување, но истотака може да биде како последица на болка или инфективно жариште во устата.

Триење на устата и брадата: Покажува на болка во устата и воспаление на слузницата или кожата на усните

Саливација: Појачаното лигавење најчесто е последица на неможноста на голтање или затварање на вилицата проследено со болка предизвикана од забен апцес, прекумерно насобирање на каменец и пукање на забите. Доколку во усната празнина се присутни рани, плунката ќе содржи примеси на крв.

Отежнато голтање: Тоа е последица на воспалително, оштетено или трауматизирано ткиво кое предизвикува појава на локална болка. Механичката опструкција со страно тело или тумор, расцепување на непцето и одредени невролошки проблеми исто така ќе доведат до овој проблем.

Забрзани движења на вилицата и јазикот: Шкрипењето на забите и кршењето на вилицата покажуваат на појава на болка или некои неуролошки абнормалности.
Базична хигиена на забите

Миење на забите: Би било идеално кога на својот миленик би ги миеле забите, баш како и на себе, секој ден. Со оглед дека ова не е возможно, добро е тоа да се прави минимум три пати неделно. Доколку сметате дека и тоа е многу, тогаш е подобро и да не ги миете бидејќи со едно или дводневно миење не се постигнува ништо во смисол на подобрување на хигиената во усната празнина.
Денес постојат многубројни пасти за заби кои се наменети за кучињата и мачките, а скоро сите имаат одговарачки мирис. Покрај ова постојат и многу четки за заби, но ви советуваме да ги користите оние кои се навлекуваат на показалецот бидејќи се наједноставни за манипулација и скоро е невозможно да се повреди било која структура во устата.
Трудете се миењето на забите на вашиот миленик да стане рутина во која ќе уживате. Најдобро е да се почне со навиките од мало и после секое миење на забите адекватно да го наградите.

Гризење на коски- Не! Не! Не!

Генерално, не треба да давате на вашето куче да џвака било што, што не би можеле да џвакате ни вие. Во коските не постои ништо што е хранливо за вашиот миленик. Потрудете се да пронајдете медицинска храна која со својот облик, состав и големина е наменета според нивните заби.

Ова е секако најдобар начин за одржување на хигиената на забите, но не е единствен. Овој зафат мора да се изврши во општа анестезија, при што мнозинството од сопствениците го смета за фрустирачки. Но тоа е единствен начин со кој детално се отстранува нечистотијата и каменецот на сите заби.
Како и во се, најдобро е да се пронајде златната средина. Еднаш или двапати годишно однесете го својот миленик на ултразвучно отстранување на
каменецот, а во меѓувреме наоружете се со соодветна храна, паста и четка за заби.
Со одговарачка и редовна нега на забите, вашиот миленик ќе ужива во долг и здрав живот.


Оставете ја вашата e-mail адреса и останете информирани.
* indicates required