Факти кои можеби не сте ги знаеле за кучињата водичи


Прочитајте ги интересните факти за кучињата водичи, како и што треба да правите ако ги сретнете.

Најголем проблем со кој се среќаваат слепите луѓе е тешкото движење. Овој проблем би можел да се реши со обука на водичот како што е направено во многу други држави, каде на 28 април е прогласен Денот на кучињата водичи, па ви претставуваме некои од интересните факти како и правила на однесување доколку се сретнете со нив.

1. Најчести раси кои се тренираат за кучиња водичи се Германски овчар, Лабрадор и Златен Ретривер.
2. Кучињата водичи се тренираат најмалку година дена, пред да бидат вдомени во семејство на кое се потребни.
3. Овие кучиња поминуваат низ доста тешки тренинзи и мораат да поминат околу 55 тестови пред да добијат назив куче водич.
4. Еден од најтешките тестови за овие кучиња е како да научат да ги игнорираат другите луѓе и да бидат секогаш фокусирани на својот сопственик, дури и кога некој друг им нуди храна или ги довикува.
5. Во основа е најдобро да не приоѓате и да не ги галите кучињата водичи, но сепак ако не можете да одолеете, најдобро е прво да ја прашате личноста која ја води.
6. За да се истренира едно куче  потребни се многу средства.
7. Некои од работите кои овие кучиња треба да ги научат е да ја оценат висината и ширината на препреката, така што нивниот сопственик не би ја удирал главата или рамењата од нив. Истотака се тренираат да одат во права линија цело време и да се вртат зад аглите кога ќе им се каже.
8. Никогаш немојте да давате команди на кучињата водичи, тоа го смеат само нивните сопственици.
9. Трудете се да не го збунувате кучето водич доколку го сретнете, бидејќи тој е само куче а не робот, така што, доколку го шетате своето куче и наидете на куче водич обавезно повлечето го своето куче и пуштете го водичот да помине. Не приближувајте се премногу на овие кучиња бидејќи тие вас нема да ве нападнат но можат да се збунат, а тоа може негативно да влијае на личноста која ова куче ја води.
10. Доколку наидете на куче водич додека тој се одмара, најдобро е да го пуштите да се одмори и да не го фаќате бидејќи сепак нивната работа е прилично напорна.
11. Кучињата водичи не се секогаш на должност. Кога се во куќата тие се како и сите други кучиња разиграни и весели, и исто така своите елеци ги носат само на јавни места, па тоа може да се смета за нивна службена униформа додека кога се дома се во секојдневна варијанта.
12. Можеби најверојатен факт е тоа дека слепите луѓе не купуваат и не ги изнајмуваат овие кучиња. Тие им се доделуваат потполно бесплатно иако во нив се вложува голема сума на пари како би  биле истренирани. Исто така, нивните сопственици не ги враќаат кога кучињата одат во пензија. Напротив, нивните сопственици можат да го задржат кучето водич кога одат во пензија и да го чуваат како свој миленик
13. Иако кучињата водичи постојат во многу земји, кај нас се сосема малку од причина што не постојат лиценцирани инситуции за обука на овие кучиња. Исто така кога овие кучиња би се обучувале кај нас, би морало да се казнува доколку некој ресторан, кафич, хотел, такси превоз и слично, одбие да го прими ова куче со својот сопственик. За нив не важат правилата како и за останатите животни бидејќи тие се дел од медицинската опрема за луѓето со оштетен вид. Сепак се надеваме дека во скоро време и кај нас ќе биде донесена таква одлука и дека кучињата водичи би биле нешто вообичано бидејќи тоа во голема мерка би помогнало на нашите сограѓани на кои им е потребна ваков вид на помош.


Оставете ја вашата e-mail адреса и останете информирани.
* indicates required