Пироплазмозата е доста тешко заболување предизвикано од паразити кои припаѓаат на Протозоите. Овие паразити ги уништуваат црвените крвни зрнца- еритроцити и така доведуваат до анемија. Болеста најчесто се појавува во пролет и есен, но не се исклучени ни случаеви на заболување и во зимскиот период.
Инкубацијата кај пироплазмозата е релативно кратка, така што до клинички симптоми може да дојде за 2 до 3 дена од убодот на крлежот. Во некои случаеви можна е и латентна инфекција која трае 10-ина дена. Во почетокот се јавува висока температура која е пропратена со малаксаност и безволност кај кучето. Подоцна се јавува анемија, жолтица и појава на крв во мокрачата. Можна е појава и на повраќање.
Многу ретко се случува кучето само да го преболи ова заболување, но и ако преболи чести се појавите на оштетување на црниот дроб и бубрезите. Поголемиот број кучиња кои не подлежат на лечење во право време, угинуваат.
Ако на време се започне со терапија, таа е доста ефикасна и трае некоклу дена. До подобрување доаѓа веќе после неколку саати од давањето на адекватни ветеринарни лекови. Со потпорна терапија се продолжува уште неколку денови со појачана исхрана.
Кучињата кои преболеле пироплазмоза поседуваат имунитет кој ги штити од поново заболување. Треба да се истакне дека траењето на имунитетот значително варира и дека се можни рецидиви на инфекцијата.
.