Движечки првут

                                           
“Движечкиот првут” е назив за кожно заболување кај животните и човекот предизвикано од паразитите од родот Cheyletiella.Од домашните животни изложени на оваа болест најчесто заболуваат мачките, кучињата и зајаците.

                                                                       Етиологија

Cheyletiella е прилично крупен паразит кој живее на површинта на кожата и не навлегува во фоликулот на влакното (за разлика од Demodex-от) Целиот животен циклус од јајце, преку  ларва и нимфа па до возрасен паразит na  Cheyletiella-та се одвива на еден домаќин. Животниот циклус обично им трае 21 ден. За преживување на Cheyletielle-та неопходен е домаќин. Ларвите, нимфите и возрасните паразити преживуваат многу кратко надвор од домаќинот. Женките без домаќин можат да преживеат најдолго до 10 дена. Јајцата на овој паразит залепени за опаднатите влакна од домаќинот се значаен извор на инфекција и реинфекција за другите животни. Паразитите меѓу животните се пренесуваат многу лесно и брзо, посебно кога се во прашање младите категории.

Клиничка слика


Животни

Симптомите на заболувањето кај кучињата и мачките се варијабилни така што можат да бидат од готово неприметни, па до јако интензивни симптоми пратени со силно чешање. Кај најголемиот број на заразени животни највпечатлив симптом е изразента сувост на кожата и лупење по должина на грбот. Србежот обично не е присутен. Овие почетни сиптоми веројатно се предизвикани од воспаление на кожата кои ги предизвикуваат паразитите хранејќи се со неа. Мачките се лижат и го чистат крзното многу повеќе од кучињата, па со самото тоа лижење го отстрануваат и првутот и паразитите. Заради тоа кај нив болеста и нејзините симптоми напредуваат многу побавно отколку кај кучињата. Со тек на времето лупењето се проширува по целото тело на заболените животни и притоа можно е да дојде до губиток на влакната и србежот постанува приметен. Кај многу животни интезитетот на србежот не е во сооднос со количинта на паразитот на кожата, така што се претпоставува дека паразитите можат да предизвикаат алергија кај домаќинот. Кај доста запуштените случаеви се јавува клиничка слика која многу потсетува на онаа што се манифестира кај шугата.

Луѓе

Симптомите кај луѓето инфестирани со Cheyletiellа-та варираат, но најчесто после директниот контакт со инфицираното животно на кожата кај луѓето се јавуваат розеникави промени.Промените најчесто се јавуваат на кожата на рацете, на телото и бутовите. Од црвените дамки на кожата се развиваат гнојни промени кои наликуваат на акните. По пукањето на овие промени настануваат красти кои предизвикуваат јако чешање кај заболениот. Ако заболениот не дојде повторно во контакт со заразеното животно, лезиите на кожата исчезнуваат за околу три недели.

Дијагноза

Дијагнозата на Cheyletieloza-та се потврдува со пронаоѓање на паразитот или неговите јајца. Пронаоѓањето на паразитот или јајцата може да биде прилично тежок, посебно кај мачките. Техниките кои се користат за пронаоѓање на паразитот се преглед на кожата на пациентот со доста зголемена лупа, преглед на кожни скарификати или примероци земени со помош на селотејп трака, како и преглед на изметот на заболеното куче или мачка.

Постојат многу кожни болести на кучињата и мачките кои можат да дадат слична клиничка слика, така што прегледот на пациентот мора да се изврши доста внимателно и совесно, за да не би се поставила погрешна дијагноза, а пациентот погрешно да се терапира.


Терапија

За терапија на Cheyletieloza-та се користат различни комерцијални пестициди за третман на кожните паразити кај кучињата и мачките.

Како препорака за избор на препаратот треба да се остави на ветеринарот, кој на основа на видот на животното, инфестираноста на животното и староста ќе предложи кој од препаратите треба да се примени. Кога инфестираноста е голема, кога има доста животни во домаќинствата, посебно ако се во прашање одгледувалишта, потребно е да се изврши и третман на околинта и сместувачкиот простор на животните