Демодикозата е воспалително, паразитско заболување на кожата кај кучињата кое се одликува со губење на влакна, но без изразено чешање. Оваа состојба најчесто е во врска со ослабен имунулошки статус на животното. Честа е кај германските овчари.
Болеста се јавува во два облика: локализирана и генерализирана форма.
Локализираната форма најчесто се јавува кај кучиња со старост до 12 месеци. Се забележува како проретчување на влакната околу очите, устата и на предните нозе. Обично поминува спонтано во време до 3 месеци. Постои веројатност на преминување од локализирана форма во генерализиран облик.
Генерализираниот облик на демодикоза е раширен на повеќе места по телото и се јавува во три облика: јувенилна (кучиња на возраст од 3-12 месеци), демодикоза на возрасните кучиња и хронично воспаление на кожата околу прстите и на шепите (pododermatitis).
Во овие случаи честа е и секундарната бактериска инфекција која може да доведе и до чешење, кое инаку не е специфично за демодикозата.
Од факторите кои можат да доведат до појава на демодикоза треба да се издвојат генетските фактори, стресот, лошата исхрана, ендопаразитите и хормонските пореметувања.
Третманот и лечењето на ова заболување е долготрајно и мора да биде под контрола на ветеринар.
Запуштените случаеви можат да завршат и со угинување на животното.