Овални глисти (Ascaridae)

Овални глисти (Ascaridae)
Постојат четири потенцијални патишта за инфестација со овалните глисти и тие се:пренатална инфестација на штенињата со трансплацентарна миграција (миграција на причинителот низ постелката), инфестација на штенињата и преку мајчиното млеко, инфестација со перорално внесување на инфективни јајца и инфестација по пат на перорално внесување интермедијален и случаен домаќин (глувци, птици, инсекти...) со паразитот. Во телото на домаќинот, аскаридите поминуваат низ повеќе развојни облици и мигрираат низ организмот на домаќинот поминувајќи низ црниот дроб, белите дробови, гастроинтестиналниот тракт и ткивата.
Скоро сите новородени штениња се инфестирани со ларвите на Т.canis кои се наоѓаат во нивните бели дробови поради трансплацентарната миграција на паразитот. Поради тоа, штенињата во старост од три недели, во своите црева имаат возрасни аскариди кои продуцираат јајца, такашто во фецесот на штенето се наоѓаат голем број на јајца.
Терапија и превентива- На пазарот постојат многу ефективни препарати за третман на аскаридозата. Бидејќи поголемиот број штениња се раѓаат инфестирани со аскариди, првиот третман на штенињата против цревните паразити потребно е да се изрши помеѓу втората и третата недела старост, пред да се појават јајцата на аскаридот по прв пат во фецесот на штенето. Третманот  треба да се повтори во четвртата, шесттата и осмата недела од староста на штенето за да би се  уништиле аскаридите кои стигнале во организмот пренатално, по пат на мајчиното млеко и внесување на инфективни јајца преку уста. Заедно со штенињата, обавнезно треба да се третира и кучката.
Превентивниот третман на кучињата против цревните паразити е задолжителна мерка и во здравствената заштита на луѓето. Постои можност за инфекција на луѓето, а особено на децата  со ларвата на Т.canis и заболувањето се нарекува Visceralna larva migransПоради тоа, сите кучиња превентивно треба да се чистат од глисти во интервали од три до шест месеци. Одлично би било и двапати годишно да се изврши копролошки преглед на изметот од кучето, особено кај животните кои доста време поминуваат со децата.

Оставете ја вашата e-mail адреса и останете информирани.
* indicates required