Одредени научни истражувања одамна имаат докажано дека домашните миленичиња влијаат позитивно и имаат значајна улога врз психо-физичкиот развој на здравите деца, исто така и на децата со посебни потреби. Децата кои со животните ќе развијат позитивни односи, полесно остваруваат комуникација со луѓето, многу полесно ги разбираат невербалните комуникации, грижливи се и имаат поголем степен на самодоверба.
ПОЗИТИВНИТЕ СТРАНИ ОД ЗАЕДНИЧКИОТ ЖИВОТ:
- Детето побрзо учи, станува одговорно и ги почитува сите живи суштества.
- Со прошетката на милениците децата поминуваат повеќе време надвор, а со тоа се зголемува и физичката активност.
- Домашните миленици на децата секогаш им се неми соговорници, секогаш на нив им ги кажуваат своите тајни и скриени мисли.
- Животот со домашен миленик на детето му дава важни лекции за нормалните животни процеси: растење, созревање, репродукција, раѓање, болести и умирање.
- Домашните миленици на децата им се лична врска со природата.
- Физичкиот контакт со домашните миленици има смирувачки ефект врз децата.