Состојба на пролабирана жлезда на третиот очен капак или позната како "Cherry eye" се однесува на розова маса излезена од внатрешниот дел на окото, односно под самиот трет очен капак (никтитативна мембрана), кој има повеќе функции механичка заштита на окото, одбрана од микроорганизми и секреторна функција.
Кане корсо старо четири месеци.
Состојба пред и после хируршка интервенција.
Состојба пред и после хируршка интервенција.
Причината е поврзана најчесто со вродена слабост на прицврстување на жлездата во окото. Сепак не е познато дали оваа состојба е наследна.
Раси кај кои најчесто се појавува: кокер шпаниел, кане корсо, бигл, булдог,....
Нашата амбуланта оваа состојба успешно ја решава по хируршки пат со враќање на жлездата на своето место.