Една од најчестите грешки кај луѓето кои не знаат многу за одгледувањето на кучињата, е дека тие можат да ги јадат сите коски кои ни останале после нашиот ручек.
Во сите медиуми, цртани филмови и во урбаната култура кучето е секогаш прикажано како гризе некоја коска. Сепак тоа е многу опасно и зошто е тоа така?
Коските за кучињата воопшто немаат хранлива вредност, а во поголеми количини можат да предизвикаат озбилни здраствени проблеми.
Кога веќе сакате да им дадете коски давајте им ретко и во мала количина. Ние препорачуваме да им дадете ...
некоја голема говедска коска, со која ќе може подолго време да се забавува и ќе му помогне во зацврстувањето на забите и нема да може да ја изеде.
некоја голема говедска коска, со која ќе може подолго време да се забавува и ќе му помогне во зацврстувањето на забите и нема да може да ја изеде.
Коските кои при своете кршење оставаат остри ивици како што се пилешките, рибините и јагнешките се премногу опасни, затоа што можат многу лесно да се забодат во некој дел на дигестивниот тракт и да предизвикаат перфорација.
Исхраната со премногу коски знае да предизвика и јака опстипација, која предходно е пропратена со течна столица а потоа настанува опстипацијата. Тоа е веќе загрижувачка состојба. Во тој случај не чекајте состојбата сама да се реши. Веднаш барајте помош од ветеринар.
Доколку сакате вашето куче да гризе коска заради негова забава, можете да му купете некоја црвста гумена коска или било каква друга играчка за таа намена.
Прочитајте повеќе за :
- Како да ги заштитете вашите миленици од крлежи и болви.
- Алтернативна храна за пчели од растително потекло, замена на високо квалитетен природен полен - Feedbee
- Најчести кожни проблеми кај кучињата. Како да ги препознаете и да ги отстранете.
- Неколку совети како вашето куче да престане да скока околу вас.
- Дали вашиот миленик внесува доволно течности? постер презентација.
- Што може да јаде моето куче? постер презентација.
- Проблеми со аналната жлезда кај кучињата.
- "Cherry eye" Пролапсус на жлездата на третиот очен капак.
- Позитивните страни на стерилизацијата-кастрацијата на вашите миленици.
- Забен каменец кај кучињата.
- Десет раси на кучиња за алергични и осетливи луѓе.
- Шуга - Ушна шуга кај мачките.