Зошто мачката легнува на грб кога ќе ве здогледа?


Ако влезете во собата каде што  спие вашата мачка и ако ја поздравите со неколку зборови, таа често реагира со легнување на грб, ги протегнува нозете, почнува да зева и лагано го тресе врвот на опашката. Додека го прави тоа, гледа во вас и така го проверува вашето расположение. На овој начин мачката ви нуди пасивно пријателско однесување.Тоа е нешто што мачките го прават само со членовите на фамилијата. Мачката никогаш не би се поздравила на овој начин со некој непознат, бидејќи во оваа поза е премногу ранлива. Со овој гест мачката уствари покажува искрен пријателски поздрав. Таа ни дава до знаење : легнав на грб , ти го покажав стомакот и ти верувам, знаејќи колку сум ранлива во оваа поза.
Поздравот кај мачките се разликува од нивниот карактер. Жива и темпераментна мачка се поздравува со брзо станување и триење со телото по нозете на газдата, додека мрзлива мачка го одбира како облик на поздравување начинот со легнување на грб.  Зевањето и протегнувањето на нозете е знак на поспаност. Лаганато тресење на врвот на опашката покажува дека во нејзината психа дошол некој конфликт – помеѓу желбата да остане да леже или да истрча кај газдата.
Не секогаш кога мачката е во таа позиција – легната на грб – ќе ви дозволи да ја погалите слободно нејзината мека и осетлива страна. Таа знае често да реагира со нејзината шапа. Поради преостеливоста на нејзиниот стомак, за да ви дозволи слободно галење, предходно таа мора да стекне голема доверба во вас.
Меѓутоа, треба да се очекува сомнителна реакција од нејзина страна.