Секој кој што чува куче слушнал дека кучињата имаат проблем со жлездата.
Која е таа жлезда, каде се наоѓа и какви проблеми предизвикува?
Аналните жлезди се парни органи сместени на двете страни околу анусот каде што и завршуваат нивните екскреторни канали. Производот на овие жлезди е со жолто-сива (кремаста) содржина, која при нормална дефекација се излачува со фецесот. Понекогаш кучињата кога ќе се уплашат, можат несвесно при мусклулна контракција на аналниот сфинктер да ги испразнат жлездите.
Кучињата релативно често ( 15 % од кучешката популација) имаат проблем со овие жлезди, за разлика од мачките кои заболуваат многу ретко. Многу важно е да се знаат правите симптоми на заболување, затоа што често се прави грешка кога кучето се чеша, веднаш да бидат испразнети. Бројката 15 % е предимензионирана, па затоа во многу случаи не е потребно незјино празнење.
Најчести болести од кои страдаат аналните жлезди се : затнување на изводните канали (impactio), воспаление (sacculitis), апцес и тумори.
Воспалителните заболувања на аналните жлезди секогаш се поврзани со одреден степен на блокада на изводните канали. Во тој слушај секретот се насобира во кесите на жлездите и постои можност за развој ...
на бактериски инфекции. Малите раси на кучиња имаат поголема склоност кон овој проблем, затоа што продуцираат поголема количина на секрет, а изводните канали се релативно мали. Предиспонирачки фактори се и промената на тонусот на мускулите на аналниот мускул и мекиот фецес.

Клинички знаци
Знаците кои ни укажуваат на заболување дали од импакција или воспаление или од апцес ... се многу слични. Кучето се лиже и каса на коренот на опашката, често седи на задниот дел на телото или се вози на задникот. Но понекогаш заради болакта неможат ни да седат. Кога имаме јако воспаление кучињата неможат ни слободно да дефефецираат (имаат јака болка). Кога жлездите се хронично воспалени и ако екскреторниот канал е затнат, кожата околу анусот е зацрвенета, отечена, воспалена и болна. После подолг хроничен процес доаѓа до отварање на апцес на аналните вреќи.

Кога е во прашање тумор на аналните жлезди, клиничките знаци се следниве: јака болка и оток во перианалната регија и отежната и болна дефекација. Покрај сето ова кучето често не покажува никакви симптоми и присуството на тумор може случајно да се увиди при контролен преглед.
Дијагноза
Ветеринарот дијагнозата ја поставува на основа на наведените симптоми и на основа на извршениот преглед. Кога се воспалени аналните вреќички кучето се спротиставува на прегледот затоа што му предизвикува болка било кој допир на тој дел. Во повеќето случаи е потребно да се седира кучето за да се изврши прегледот. Кога ветеринарот ректално ги испразни , во состојба на воспаление, содржината е жолто-смеѓа со присуство на крв. Кога имаме импакција на каналите, многу е отежнато ректалното празење. Апцесот секогаш е пратен со висока температура и дренажниот канал секогаш е јасно видлив на површината на кожата.
Кога имаме сомневање на тумор, дефинитивно може да се потврди со биопсија и со преглед на одредени крвни параметри кои ќе ни дадат важен смер во дијагностиката.
Терапија
Кај импакција важно е нејзината содржина да се истисне. Понекогаш тоа е возможно и со ректален притисок, но ако содржината е многу густа, неопходно е да се изврши испирање на ќесичките. Празнењето треба да се повторува барем еднаш неделно, се додека проблемот е присутен.
Кога имаме воспаление, поради присуството на болка неопходно е да се седира кучето. После седацијата ќесите се празнат, се испираат и се препишува антибиотик. За санирање на апцес потребна е хируршка интервенција. И во овој случај е неопходен антибиотски третман.
Хирушко отстранување на аналните жледи е потребно кога имаме дијагностициран тумор или кога апцесираните жлезди се со хроничен проблем.
Совети
Кога кучето се чеша, потребно е да се размисли добро за сите причинители кои оредизвукуваат чешање. Генерализираното чешање на аналната регија во повеќето случаи не е поврзано со аналните жлезди.
Честото и непотребно празнење на аналните жлезди може да доведе до нивна иритација и воспаление.
За регулација на празнењето важно е кучето да има редовна и нормална столица.