Доаѓа најбавиот период од годината, Пролет. Подолги и потопли денови на кои им се радуваме сите ние а и нашите миленици. Поминуваме подолго време со нив во природа, играње во паркови, но секогаш треба да имате на памет дека во овие убави услови кога се буди приодата почнува и сезоната на болви и крлежи. Мерките кои треба да ги превземете за да ја намалете можноста за доаѓање во контакт со вашите миленици се следниве:
Чистење на вашиот двор и стан.
Редовно одржавање на тревникот во дворот, затоа што болвите и крлежите најчесто се присутни во околина на високи и густи треви. Тие сакаат темни и топли места ...
и на тие места ја поминуваат зимата во полу сон, тоа може да биде и под вашиот тепих, па затоа е потребно коплетно чистење на вашиот дом. Ако миленикот често поминуваа со вас во вашиот автомобил, тоа важи и за него.
и на тие места ја поминуваат зимата во полу сон, тоа може да биде и под вашиот тепих, па затоа е потребно коплетно чистење на вашиот дом. Ако миленикот често поминуваа со вас во вашиот автомобил, тоа важи и за него.
Преглед на вашиот миленик после секое шетање.
Без разлика што веќе е заштитен вашиот миленик со некој од производите за заштита, после секое шетање потребно е да го прегледате. И покрај заштитата не му дозволувајте да навлегува во високи треви и жбунови. Секогаш настојувајте да играте на покосени тревни површини. После секое шетање препорачуваме темелно чешлање, и најмногу внимание да се посвети на пределот на вратот, на ушите и на сите места каде што влакната се погусти.
Начин на заштита.
Немојте да чекате се додека вашиот миленик не почне да се чеша. Клучот е во превенцијата. Искапете го вашето куче, добро исушете го, а потоа нанесете му некој заштитен препарат. Кај нас на пазарот постојат повеќе различни производи: ампули, каивчиња, прашкови... За кој препарат да се одлучите, ќе морате да го аплицирате редовно и долготрајно во текот на целата година.
Како да го отсраните закачениот крлеж?
Главен проблем во неговото отстранување е неговата големина и колку јако е прикачен. Важно е навремено реагирање, тоа значи што побрзо да се извади. Секогаш користите заштитини ракавици. Потребно ќе биде да имате пинцета или можете тоа со раце, но без јако стискање, за да не дојде до пукање на неговото тело или до истискување на содржината од неговиот дигестивен трак во крвотокот на кучето. Најлесно ќе го отсраните го би го свртеле во насока спротивна од стрелките на часовникот. И пазете дел од устата на крлежот да не остане во кожата. После тоа крлежот фрлете го во тоалет шољата и местото каде што бил закачен дезифицирајте го.
Но ако не сте сигурни дека самите би можеле да го изведете ова, најдобро е да посетите ветеринар.