КАПЕЊЕ НА КУЧИЊА.


Многу одамна нашите миленици се капеле само еднаш годишно, тогаш кога нивната миризба ќе стане неподносливо лоша.

Во денешно време многу луѓе во своите живеалишта живеат заедно со своите миленици, а со тоа и капењето на своите миленици станува се почесто или се по потребно.

Шампоните еволвираа до таа точка не само што ја отстрануваат лошата миризба но помагаат и во одржувањето на добрата здраствена сотојба на кожата.

Првото правило кај капењето на кучињата е да не се употребува шампон за чевека употреба. PH то на кожата на кучињата е различна од човечката. Кај луѓето нормална РН изнесува 5.5 до 5.6, додека кај кучињата е повеќе неутрална која се движи од 6.2 до 7.4. Шампоните намети за човечка употреба се повеќе кисели од тие за кучиња, и нивната употреба може да ја наруши РН средината на кожата кај кучињата.

Кој шампон ќе го изберете зависи од потребите. Има шампони кој што се само за чистење, медицински шампони кој што можат да ги третираат кожните заболувања и шампони кои ги уништуваат надворешните паразити. Шампони со посебна намена, за одреден тип на кожа како што е сува, мрсна, кожата со перут и кожа осетлива на инфекции. 



Колку често ќе го капете вашето куче зависи кои се причините. Кучињата имаат способност за самочистење. Затоа кај некои кучиња е потребно само благо капење се со цел да се остранат влакната и мртвата кожа. Честото капење не е препорачано, но со благ шампон може еднаш неделно. 

Способноста за самочистење е успешна само кај здрави кучиња без кожни заболувања. Кај кучињата каде што на некои места има воспалителни промени на кожата , каде што има појава на било каков секрет се влезни врати за инфекција. На тие места можат да настанат уште поголеми дефекти кои ќе влијаат не само на кожата туку и на целоит организам. Па затоа во овој случај е потребно е да се изврши преглед за да се одреди терапија, кој медицински шампон и колку често да се третира кучето со него.

Споделете ја содржината...