ЗОШТО МАЧКИТЕ ПРЕДАТ.


Одговорот на ова прашање е јасен: мачка која преде е задоволна мачка. Меѓутоа таков одговор не е точен. Со повеќе анализи се докажува дека мачка која преде се жали на болка, која е ранета или која во моментот се омачува... Мачките во тие ситуациии никако неможеме да ги сматраме за среќни или задоволни. Точно е дека задоволните мачки предат, но задоволството воопшто не е предуслов за предење.

Точното објаснување, кое одговара на сите случаи е: со предењето се сигнализира наклонетост према некој или нешто.(социјално расположение). На пример мачката  може да му праќа сигнали на ветеринарот дека е повредена, или на сопственикот да му се заблагодарува за укажаното внимание и укажаната помош.

Мачките почнуваат со предењето на една недела старост и тоа додека цицаат. Тоа е сигнал за мајката дека се е во ред и дека млекото тече како што треба. А таа со нејзиното предење на мачињата им дава знак да знаат дека е и таа задоволна.

Споделете ја содржината...