ЗОШТО МАЧКИТЕ САКААТ ДА СЕ ГАЛАТ.


Затоа што на луѓето гледаат како на својата мајка. Додека се сеуште мали мачињата нивната мајка непрекинато ги лиже. А галењето со раката им го ствара истото чуство. За малото маче негова ‘мајка’ е секое суштество што го храни, чисти и штити. Поради тоа што луѓето тоа го прават со своите миленичиња доста долго и после кога веќе се возрасни, доместицираните мачки ќе останат карактерно мачиња. Тие ќе израснат во возрасни и сексуално зрели мачки, но во однос на своите сопственици  ќе останат мачиња.

Баш затоа мачките ( и старите мачки) упорно бараат ‘мајчинска’ грижа од своите сопственици, му приоѓаат, се тријат од нивните нозе и се умилкуваат со погледот, чекајќи од  псеудо мајчинската рака на својот сопственик да одговори на мачјиот јазик  и почне да ги гали. Еден типичен знак или одговор е кревањето на опашката. Тоа барање или потреба, за да се исчисти аналната зона од страна на мајката.

Споделете ја содржината...