Владее многу погрешно мислење за куче кое ве лае кога ќе ве види, дека истото ви се заканува. Лаењето е кучешки знак за узбнуна со кое ги алармира останатите членови на чопорот во кој припаѓа (вклучувајќи го и човекот ).
Значењето на пораката која се пренесува со лаењето е : “ Се случува нешто необично, па затоа бидете внимателни“. Во дивината тоа алармирање има две значења : младите да се сокријат што побрзо каде што ќе стигнат, а возрасните членови на чопорот да се соберат за акција. Во човечката околина лаењето е ист знак како што некогаш се алармирало со гонг или со трубењето на рогот, знак дека “некој се приближува накај вратите на тврдината“. Овој аларм не ни кажува дека тој што се приближува дали е пријател или непријател, но се постигнува да се превземат мерки на претпазливост. Затоа гласното лаење може да биде знак за поздрав до сопственикот кој се враќа дома или реакција за тоа дека имаме провалник. Кога таквата особа ќе се идентификува, лаењето може да се замени со пријателско ритуално поздравување или со озбилен напад на личноста.
Таквиот напад е потполно нечуен. Кучето директно ја напаѓа личноста. И неговото бегство исто така е нечујно. Кучето кое што бега тоа го прави нечујно. Секој звук што го испушта е знак за конфликт или фрустрација. Факт е дека секоја агресивна средба со кучиња е пратена со звукови, кој што се знак на уплашеност и кај нај агресивните кучиња. Мала доза на страв е тоа што го претвара тивкиот напад во напад пратен со ржење. Кучињата кој што ржат се страв и трепет за поштарот. Ако состојбата на страв во мозокот на кучето преовлада над состојбата на агресивност, настанува ржењето и се слуша само лаење, кое е гласно и повторливо. Тоа може да трае иритантно долго, се додека страниот елемент кој го предизвикал не исчезне.
Со ова може да се заклучи дека поговорката “Кучето кое лае, не каса“ е заснована како вистинита. Кучето кое лае не е доволно храбро да нападне и да касне, а кучето кое каса не се труди да алармира со лаење.
Споделете ја содржината...