ЗОШТО КУЧИЊАТА ЗАВИВААТ?


Кучињата повеќе лаат од волците, но затоа помалку завиваат. Причината за која што кучињата сразмерно помалку завиваат од волците треба да се бара помеѓу разликата на друштвениот живот на волците и друштвениот живот на кучињата (кои се домашни миленици). Функцијата на завивањето е синхронизација и собирање на чопорот за акција. Волците најмногу завиваат во почетокот на ноќта, пред тргнување во ...



групен лов и рано наутро пред другото тргнување во лов. Домашните кучиња кој што храната ја добиваат од својот сопственик, живеат живот како вечни кутриња и потребата за собирање во чопор не е нивен приоритет или задача. Единствена ситуација на завивање кај кучето е кога ке биде затворено некаде. Тогаш завива од осаменост. 
Кучињата во суштина не се склони кон завивање, но постои една забавна страна која се однесува на кучиња кои живеaт во музикални семејства. Кога членовите на семејството заедно ќе почнат да пејат, некои кучиња таквото пеење го сваќаат како позив на собирање. Воодушевено реагираат на тоа, ја подигаат главата во вис и тогаш заедно пејат со својот чевечки чопор.

Споделете ја содржината...