Лаиците и стручните лица често знаат да кажат, дека кучето е пријателски расположено према личноста која се наоѓа пред него или му се приближува, ако мавта со опашката. Меѓутоа тоа не е точно. Кога кучето ја мавта опашката се наоѓа во емоционален конфликт. Кога кучето ќе се најде во конфликтна ситуација, тоа истовремено чуствува како нешто да го влече во два различни правци.Истовремено сака да оде напред или да се повлече наназад. Или истовремено да сврти лево или десно. Заради поништување на тие пориви, животното останува на истото место, но во состојба на емоционалана напнатост. Телото, или еден дел од неговото тело, почнуваат да се движат во еден смер, така ги покорува бар еден од своите пориви, но потоа се стопира и се движи во спротивен смер.. Некои животни го совиваат вратот, некои тресат со главата, некои ги совиваат нозете, некои тупкаат во место, некои го настрануваат телото де на една де на друга страна, а кучињата и мачките мавтаат со опашката. Контекстот на првото појавување на мавтање со опашката е хранењето со мајкиното млеко. Кога кутрињата се редат покрај стомакот ...
на мајката и почнуваат да цицат, почнуваат со свиоте опавчиња да мавтаат. Тоа е лесно да се протолкува како знак на уживање, што се јавува кај кутрињата. Кога ќе достигнат старост од од околу шест или седум недели т.е. кога мавтањето со опвачето е со полн интензитет, кутрињата веке влегле во асоцијална фаза на меѓусебни такмичења или борби. За да можат да се хранат од својата мајка мораат едни со други сосема да се приближат, мораат да бидат во телесен контакт, но предходно се бореле. Таа околност предизвукува страв, но стравот е надвладан од желбата за храна, која излегува од густо сместените млечни жлезди. И поради сето ова, додека кутрињата цицаат се наоѓаат во постојан конфликт помеѓу гладот и стравот-од една страна, тука е желбата да останат во контакт со млечната жлезда, а од друга страна, да не бидат преблизу до другото кутренце. И затоа ова е првиот конфликт што го предизвикува првото мавтање со опашката. Следен контекст во кој се јавува мавтање со опашката е кога кучињата просат храна од останатите кучиња. Ситуацијата е иста, па затоа и конфликтот и последицата се исти. Додека приоѓаат до другото куче, во потрага за храна, мораат да ја имаат близината на другото куче. Кога некои кучиња биле подолго време одвоени и при првата нивна средба доаѓа до мавтање со опашката. Во овој случај се комбинира пријателство и страв, така што се создава емотивен конфлик. Мавтањето со опаш е присутно и при удварањето, затоа што се присутни стравот и сексуалната привлечност. Исто така мавтање имаме и кога према него се приближува непознато лице или непријател, мавтањето значи страв или омраза од непознатото лице.