Со овие хируршки процедури ќе бидат исконтролирани сите непланирани новородени кучиња и мачиња, што резултира на спречени многу еутаназии врз здрави животни. Овде спаѓаат и сите медицинско-здраствени бенефити кои ќе им овозможат подобар, поздрав и подолг живот.
Еве неколку медицински бенефити:
Со стерилизацијата вашиот женски миленик ќе живее подолго и поздраво. Ќе бидат спречени појавите на болести, како што се инфекции на матката, појава на тумори на градите, каде што малигнитетот кај кучките е 50% а кај мачките е 90%. Стерилизацијата пред појавата на првиот полов жар гарантира најдобра заштита од овие болести.
Кај кастрираните машки миленици се превенира појавата од канцер на тестиси и болести на простата.
Бенефити во однесувањето:
Стерилизираните женки нема да имаат полов нагон. Во овој стадиум се вознемирени, завиваат и уринираат почесто(кога се чуваат во домашни услови воопшто не е пријатно) се со цел да привлечат мажјак.
Кастрираниот мажјак нема да има потреба да бега или да се одалечува далеку од дома. На било кој начин ќе наоѓа дупка за да избега од дома. Последиците од бегањето се јасни (сообраќајни несреќи, повреди од други кучиња..). Некастрираното куче или мачор често ја маркира својата територија, при што ослободува многу непријатна миризба. Со раната кастрација може да се избегне и појава на агресија.
Ова е само дел од позитивните страни, за повеќе информации контактирајте го вашиот ветеринар.
Споделете ја содржината...