1. Мит е дека кучињата се далтонисти. Тие гледаат во боја, но не толку јасно како нас луѓето. Нешто слично како ние кога се стемнува надвор.
2. Единствените потни жлезди им се наоѓаат меѓу прстите.
3. Кучето од расата Basset Hounds незнае да плива.
4. Во библијата кучето е спомнато 14 пати.
5. Отпечатокот од носот на кучето е единствен исто како и отпечатокот на прстите кај човекот, кој може да послужи за негова идентификација.
6. Кучињата немаат осет за време.
7. Луѓето ги чуваат кучињата како домашни миленици веќе 12.000 години.
8. Сите кучиња имаат идентична анатомија - 321 коска и 42 стални заби.
9. Кучињата имаат два пати повеќе мускули за движење на ушите од луѓето.
10. Што е подолг носот кај кучињата, толку е поголема спосбоноста за ладење на организмот.
Споделете ја содржината...