Ова болест популарно позната како Hotspots, најчесто сејавува кај раси кучиња со долго влакно или пак кај оние со густо подвлакно. Болеста најчесто е предизвикана од страна на локална алергиска реакција на специфичен антиген, убод од инсекти, особено болви,,,
Меѓу други можни причини како предизвикувачи се: алергии на храна или одредени инхалаторни алергени, прашина и грини, инфекции на увото...
несоодветна положба, еден вид на трева, воспалени анални жлезди, дисплазија на колкови и други дегенеративни заболувања на зглобовите.
Hotspots или жаришта се всушност кружни лезии, кои обично се наоѓаат на вратот, бутовите или по должината на градниот кош. Овие повреди се влажни, воспалени, без влакна и обично се многу болни. Животните обично овие места ги лижат, гризаат што дополнително ја иритираат веќе иритирана кожа. Важно е да се напомене дека овие лезии можат драстично да се прошират во многу краток временски период.Што се однесува за зачестеноста за појава, оваа болест ретко се случува во постудените области. Исто така, подеднакво честа појава е и кај домашните кучиња и оние кои живеат надвор(уличните). Многу од нив ќе ги добијат овие лезии неколку пати во текот на животот, додека кај некои ќе се појават еднаш и ќе исчезнат за помалку од една недела.
Што се однесува за лекувањето, потребно да се отстрани причината и да се спречи понатамошно ширење на повредата.Затоа е потребна редовна контрола на кожата од страна на сопствениците и секоја промена да ја прегледа ветеринар. Со добро поставена дијагноза ова заболување лесно се лекува.Прочитајте повеќе за :
- Како да ги заштитете вашите миленици од крлежи и болви.
- Алтернативна храна за пчели од растително потекло, замена на високо квалитетен природен полен - Feedbee
- Најчести кожни проблеми кај кучињата. Како да ги препознаете и да ги отстранете.
- Неколку совети како вашето куче да престане да скока околу вас.
- Дали вашиот миленик внесува доволно течности? постер презентација.
- Што може да јаде моето куче? постер презентација.
- Проблеми со аналната жлезда кај кучињата.
- "Cherry eye" Пролапсус на жлездата на третиот очен капак.
- Позитивните страни на стерилизацијата-кастрацијата на вашите миленици.
- Забен каменец кај кучињата.
- Десет раси на кучиња за алергични и осетливи луѓе.
- Шуга - Ушна шуга кај мачките.
