Вакцина на кучињата- кога треба да го вакцинирате вашето куче и зошто?



Првата вакцина која вашето куче може да ја прими е  веќе со 7 недели и обезбедува краткотраен имунитет. Наредната вакцина која е на 10 недели и која ги штити нашите миленици од.

После давањето на вакцината имунитетот настапува за 7-14 дена ( па во овој период уште треба да се внимава на кучето и да не му се дозволувa контакт со други кучиња ). Со оглед дека имуниот систем на младенчињата уште не е доволно развиен за да нуди трајна сигурност, со 13 недели се врши ревакцина која ја засилува отпорноста од овие исти болести. Овде мораме да истакнеме дека иако од овие болести најлесно заболуваат младите кучиња, од нив можат да заболат и возрасни кучиња па е неопходно оваа вакцина да се повторува секоја година.

Беснило
Вакцинацијата на кучињата против беснило е задолжителна по закон и мора да се извршува еднаш годишно. Законот пропишува користење мртва вакцина која создава солиден имунитет без никакви пропратни реакции. Првата вакцина против беснило може да се даде веќе со 3 месеци старост но програмата за вакцинација обично ја остава оваа вакцина за четвртиот месец.
Гласините кои кружат дека кучето ќе остане мало и дека нема да го достигне својот полн потенцијал се апсолутно неточни и претсавуваат само уште една заблуда со која се бориме секој ден.