Како кучињата знаат како се чувствуваме?


Кучињата се најдобри пријатели на луѓето. Често се куќни миленици, а нивната сочувствителност и грижа за нас е тоа што ги прави посебни. Дали знаете како кучињата знаат како се чувствуваме?

Ако имате куче- сигурно сте приметиле дека и тоа се чувствува како и вие. Кога сте тажни и сакате само да лежите во кревет или да ја гледате својата омилена серија, и вашиот миленик нема да има ништо против да лежи со вас и да не се поместува.
Исто така- кога сте добро расположени, подготвени за играње или шетање и едноставно не можете да ја сопрете позитивната енергија која ве исполнува, и вашиот најверен пријател ќе биде исто така расположен и ќе трчи по вас и околу вас.

На кучињата им е доволно само да го видат својот сопственик – и веќе знаат како се чувствува. Ако сте тажни, можете да забележите дека ќе ве расположи вашето куче, но ако не успева во тоа- ќе се откаже и ќе се однесува исто како и вие.
После темелно истражување, научниците дошле до заклучок дека кучињата имаат високо ниво на емпатија спрема луѓето, но можат и да го препознаат расположението кај луѓето. Пред ова истражување, препознавање на расположението- како способност- била препишувана само на луѓето.

Во животинскиот свет тоа е различно. Многу животни можат да препознаат што чувствуваат другите животни, односно какви им се намерите, но тоа се однесува најчесто само на животните внатре од истиот вид.
За препознавање на чувствата на друг вид, мозокот мора да има можност сликите и звуците да ги преобрати во ментални репрезентации кои подоцна ги проценува, споредува, поврзува и комбинира, па така доаѓа и до заклучок за чувствата и расположението на некој друг.

Истражувањето кое го имплементирале научници од британскиот Универзитет Линколн и бразилскиот Универзитет во Сао Паоло вклучувало 17 кучиња кои биле во ситуација да набљудуваат фотографии на лути и насмеани лица, а истражувачите истовремено пуштале и звуци од весели и нервозни гласови.
Кучињата успеале да го поврзат гласот со сликата, односно смеењето да го поврзат со фотографијата на која човекот е насмеан, како и нервозниот глас да го поврзат со слика на која човекот е лут.
Постои разлика помеѓу она што кучињата можат да научат, па така можат да знаат како да реагираат на одредени гласовни команди, но тука не станува збор за дресура.
Ова истражување ги вклучувало кучињата и потполно непознати лица на сликите за нив, како и потполно непознати гласови на снимките, а сепак тие успеале да ги повразат гласот и фотографијата на вистински начин, што покажува дека кај кучињата, како и кај луѓето, вродено да го препознаваат расположението, што е голем напредок во науката и истражувањето на животните.


Оставете ја вашата e-mail адреса и останете информирани.
* indicates required