Зошто кучињата ги напаѓаат луѓето? Ова се најчестите причини за напад


Истражувањето на 256 напади на кучиња со смртни последици ја покажува “лошата вистина” која укажува на тоа дека причината за нападот е човечкото однесување, кое не може да се регулира со закон.



Кучињата не се опасни! За се почестите напади виновни се неодговорните сопственици.
Читателите сакаме да ги предупредиме на фактот дека расите, кои се познати по спасување на човечки животи, се почесто завршуваат во рацете на неодговорни сопственици кои не знаат или не сакаат да се грижат за кучињата.

Во нивните раце, таквите кучиња стануваат потенцијална опасност за се околу себе.
За да не бидеме грешка кога тврдевме дека кучето во основа не е криво, го покажало и 10-годишното истражување чии резултати се објавени во списанието Journal of the American Veterinary Medical Association. 

Професионални ветеринари ги истражиле причините на 256 напади на кучиња кои завршиле со смрт на жртвите. Нападите се случиле во САД во период од 2000  до 2009 година.

Резултати на истражувањето:

21% од сопствениците на кучињата пред нападот веќе имале проблем со злоставување животни.
Во 87% напади со фатални последици “ на местото на случката немало луѓе кои се способни да интервенираат како би го спречиле или запрат нападот.
84% од кучињата кои нападнале човек не биле кастрирани.
45% од жртвите биле особи помлади од 5 години.
76% од кучињата не биле социјализирани, односно нивните сопственици не ги научиле како да се однесуваат во друштво на други луѓе.
77% од жртвите не биле способни на соодветен начин да комуницираат со кучињата( на пр. биле премлади или болни).
Во 31% од нападите се виновни медиумите кои прогласиле раса која не учествувала во нападот
Интересно е што  67% од возрасните жртви биле под дејство на дрога или алкохол.

Лоша вистина

Др. Кен Тудор во свој осврт на истражување кажува дека за него е видливо дека недостатокот од набљудување е најголем проблем кај нападите на кучињата.

При тоа не мисли исклучиво дека под надзор не се кучињата, туку примери за деца кои се оставени со кучињата без надзор на родители.

Го загрижува тоа што повеќето напади биле во можност да се спречат.

Истражувањето ја покажало                  лошата вистина” која укажува на тоа дека причина за нападот е човечкото однесување кое не може да се регулира со закон. Многу сопственици на кучиња и пред нападот биле познати како злоставувачи или однесувањето на своите миленици се обидувале да го исправат на погрешен начин, како на пример со казнување- изјавил др. Тудор