Инсекти и пајаци. Нивното штетно влијание врз здравјето на кучињата и мачките


Голем број на инсекти и пајаци живеат во околината односно опкружувањето на кучињата и мачките. Тие представуваат фактор кој делува и предизвикува заболување кај кучињата и мачките како што се вирусите, бактериите и габичките.

Инсектите и пајаците го стимулираат имуниот одговор при контакт со животните без разлика дали е тоа маче или куче. Појавата на овие хиперсензитивни рекации најчесто се јавуваат на места кои се слабо покриени со влакна или воопшто не се покриени со влакна. Инсектите и пајаците произведуваат разни супстанци кои може да бидат алергени за мачките и кучињата. Алергените се присутни во плунковните жлезди или на самиот скелет на инсектите и пајаците. Алергените доаѓаат до организмот на кучињата и мачките преку гризнување, преку игра, воздухот или едноставно да ги проголтаат.

Нема никаква старосна предиспозиција кај кучињата и мачките, може да се случи на било која возраст и во најразлична околност и ситуација. Појавата на клиничките симптоми  е обично нагла и најчесто коиндицира со зголемен број на инсекти и пајаци во околината на кучето и мачката односно во нивното живеалиште. Првиот симптом е најчесто

чешањето каде потоа следи појава на црвенило и мали издигнувања на самата кожа. Промените се најчесто на стомачната регија, на внатрешната страна на ногата, на главата долните делови на екстремитетите и врвовите на ушните школки.


Дијагнозата се поставува на основа на анамнезата на сопственикот и основата на самиот физички преглед. Постојат разни интрадермални тестови кои може да ги изврши ветеринарот меѓутоа само во случај кога постојано се јавува истиот проблем и тешко може да се дознае кој е всушност главниот предизвикувач. Алергенските проби може да се спроведат и како такви ќе дадат резултати меѓутоа само на најчестите причинители на овој тип на заболувања.
Инсектите и пајаците поседуваат алергенски супстанции кое тешко се дијагностицираат преку тестотви. Доволна е анамнезата на сопственикот и преглед на живеалиштето на кучињата и мачките за да дојдеме до заклучок за самиот проблем со кој се соочуваме.



Превентивата како таква е најдобар метод за појава на овој тип на алергии од инсекти а се состои од одредени чекори кои треба секој сопственик на куче и маче да ги има во предвид.
1.  Редовен преглед на кожата и влакното кај матичниот ветеринар особено во пролетниот и летниот период.
2.  Редовна апликација на ампула.
3.  Дезинсекција и дезинфекција на живеалиштето на кучето и мачето.
4.  Капење на кучето во летниот период со специјален шампон за кучиња. 
5.  Исхрана со соодветна храна која нема алергени , или храна со која имунитетот на кучето и мачето ќе остане јак.
6. Грижливост, внимание и посветеност према домашните миленици се добиваат одлични резултати во однос на нивното здравје.



ДОМАШНА ПОСЕТА моб: 078 206 972