Домашните миленици живеат долг и здрав живот. Просечниот животен век денес на кучињата и мачките е во просек 12 години. Со огромната љубов која се пружа и секако адекватната нега од страна на сопствениците домашните миленици доживуваат длабока старост.
Малите раси на кучиња кои се под 10 кг, просечниот животен век е измеѓу 9-13 години. Средните раси на кучиња (10-20 кг.) за геријатрски пациенти се смеетаат помеѓу 9 и 11 година, додека големите раси на кучиња (20-50 кг.) стануваат геријатриски пациенти помеѓу 7 и 10 година.
Генерално одкако кучињата ќе наполнат 7
години статрост веќе влегуваат во така наречена сениор програма за кучиња, која се состои од детални клинички прегледи и дијагностички процедури. Старите кучиња како такви, метаболизмот им е на друго ниво склони се на одредени заболувања или доколку заболат тешко се лекуваат бидејќи имунитетот им е слаб и тешко се борат со болестите кои ги пратат или стекнуваат. Препорака е да се прегледуваат детално двапати годишно со цел да се прати нивниот кревок здравствен статус. Тука вклучува детални клинички прегледи, крвна слика, крвен притисок, ултразвучен преглед а дополнително рентгенски преглед особено кај стари кучиња со проблеми во зглобовите и коските.

Многу болести појавуваат клинички симптоми дури кога се во одмината фаза, односно фаќаат хроницитет.Рана дијагностика на бубрежни заболувања, штитната жлезда е секако како најчести проблеми се срцевите заболувања кои имаат поголем замав кај одредени раси на кучиња кои се во длабока старост. Редовните клинички прегледи и контроли овозможуваат благовремено да се интервенира и спречат понатамошни доплнителни проблеми со здравјето и се продолжува животниот век на кучињата.
Синдромите и болестите кои ги пратат денешните стари пациенти се третираат со адекватна терапија. Најглавно е да се одкрие на време и да се даде адекватна терапија. Домашната нега од страна на сопствениците е од исклучително значење за здравјето на самите кучиња.