Можеби некогаш сте приметиле дека вашето куче си го јаде сопствениот измет или изметот од други кучиња, мачки или останати животни. На сопствениците оваа состојба премногу одбивно му изгледа и секогаш бараат стручна помош. Заболувањето се нарекува Копрофагија, и може да доведе до други заразни заболувања, а најчесто до инфекција со цревни паразити.

треба да им се дозволува во никој случај, затоа што многу лесно може да помине во лоша навика.
Копрофагијата се јавува кај 10% од возрасните кучиња. Најчести причини поради кои се јавува се: неадекватна исхрана која неможе да ги задоволи дневните потреби од хранливи материи, присуство на цревни паразити кои ги одземаат хранливите материи. Исто така оваа состојба може да се појаву и од доживеан емотивен стрес, кога животното е подолго време оставено само, кога престојува во тесен простор и кога нередовно се чисти ноговото живеалиште.
Најдобар начин да се спречи копрофагијата е да не се дозволува на кучето да дојде во контакт со својот измет или од некое друго животно. Под ова се подразбира: шетање за со поводник и редовно чистење на дворот и живеалиштето каде што престојува кучето.