Здравје представува збир на сите телесни функции како во самиот животински организам како и во односот со надворешната средина. Нарушувањето на оваа рамнотежа под влијание на внатрешните и надворешните фактори доведува до појава на болест. Болеста претставува пореметување на рамнотежата на телесната функција.
Функцијата на поедините органи или органски системи можат да го променат различни внатрешни и надворешни фактори. Од внатрешните фактори тоа се најчесто се различни конститутиски мани, додека од надворешните фактори можат да бидат различни биолошки, хемиски и физички фактори кои влијаат на средината во која живее животното.
Во одредени услови кога влијанието на неповолните фактори на организмот на животното се појаки од делувањето или реакцијата на неговите одбрамбени механизми доаѓа до појава на болест. Во такви случаи доста е важно да се реагира правовремено и да се обезбеди адекватна помош на болната
единка. За да на време се примети показателот кој упатува на постоечка болест кај животното треба прво да ги знаеме одликите на едно здраво животно. Здрава единка покажува заинтересираност за својата околина, реагира на дразбите од надворешната средина и има добар темперамент. Здравото животно има брзи и јасни рекации. Општиот изглед на самото животно на укажува на една складна целина каде ништо не е вишок односно нема промени во целина, нема некаков недостаток. Кожата и влакната на здравото куче се сјајни, мазни и чисти, очите се бистри односно има бистар поглед, носот е влажен и ладен. Здравото животно редовно и благовремено конзумира храна и вода во умерени количини. Покрај овие одлики кај животното треба да се обрне внимание и на неговата конституција, кондиција и темперамент. Овие три компоненти имаат важна улога во ветеринарната медициниа, посебно при општиот клинички преглед преку кој се дијагностицира некое заболување. Покрај овие компоненти постојат и други мерила со чија помош наоѓаме промени кои индицираат некакво заболување кај кучето. Во прв ред тука спаѓа тријасот (телесна температура, пулс и фреквенција на дишење). Кај здравите кучиња ректално мерена температура се движи од 37,5 до 39. Време на мерење 5 мин. Пулсот се мери на некоја од достапните артерии со палпација и изнесува од 60-120 импулси во минути додека дешењето се движи од 10-40 дишења во минута. При увид на сите овие вредности треба да се земе во предвид и расната одлика, староста како и физиолошката состојба со која овие мараметри може да се променат ( гравидитет, јак физички напор, тренирање на кучето итн.) Покрај тријасот секако доаѓа во превид и прегледот на крвта,фецесот,урината и останатите телесни течности и други разни специјалистички прегледи истоа така докажуваат постоење на одредени патолошки процеси во организмот. Нив ги изучува стручен тим бидеjќи сопственикот не може рутински да ги контролира.

ОДЛИКИ НА БОЛНО КУЧЕ
Понекогаш е многу тешко со сигурност да се одреди дали се работи за болно куче или не причината, за тоа е преголемиот опсег на патолошки појави и процеси без обзир на нивните причини на кои се изложени кучињата.
Начелно може да се каже да секое одстапување од вообичаенотро однесување на кучето може да биде јасен сигнал на сопстевникот дека се случува нешто невообичаено. Честите промени во однесувањето претходат на сите останати симптоми на болеста. Затоа е значајно благовремено да се воочат. Пореметувањето во однесувањето на кучето се препознаваат по рекацијата на животните на различни надворешни дразби. Доста често болните кучиња покажуваат јака или слаба депресија. Секако тоа зависи од видот и интензитетот на болеста. Сите реакции се во одреден степен слаби. Споро се движат, реагирањето на повикот е успорен како и рекацијата на светлост, звук и мирис. При изразена депресија животното има потреба од сон во поголема мера, додека околината потполно не го интересира. Истоа така и промените во однесувањето по кои може да се заклучи при одредени патолошки процеси, како состојба на ексцитација – зголемена надразливост. Таквите животни на секој звук, мирис или појава реагираат бурно. Често се тоа потполно непредвидливи рекации кои понекогаш не можат да се контролираат.
Поголемиот дел од заболувањата ги прати променет тријас во помал или поголем степен. До овие показатели на болест лесно може да дојдат до заклучок и самите сопственици со промените на тријасот, низа болести се очитуваат со видливи промени на слузницата на окото, нос , уста аналниот отворо како и отворите на половните органи. Промените на бојата на слузницата, појавата на исцедок, како и негови карактеристики може да укажат на патолошки процес во организмот. Здравиот изглед на слузниците се бледо розенкав со бистра содржина која е влажна. При појава на било какви одстапувања треба да се побара помош од ветеринар.
Треба да се нагласи да голем број заболувања поминуваат со доста слабо изразени симптоми или тие се потполно нејасни. Во такви случаи потребно е да се обратите на стручно лице. После секоја болест доаѓа долг или краток период на опоравување или период на рековалесценција. Понекогаш кај тешки болести, овој период е долготраен и си бара долг напор и соработка со животното, сопственикот и ветеринарот. Во тој период треба доста одговорно и совесно да се придружуваме на упатствата на ветеринарот да не би дошло до враќање на болеста или додатни компликации на истата.
OДЕЊЕ НА ВЕТЕРИНАР
Постои одреден број на факти за секој, кој ќе се одлучи да стане сопственик да едно куче кои мора да ги има на ум. Кучето е како и човек, живо суштество кое функционира на законите на природата, односно нејзините биолошки и физиолошки механизми. Не е во прашање играчка, машина или било која работа да би се раздвојувала, составувала или да се отфрли кога ќе му се здосади на човекот. Постојат голем број на заболувања од кои може да заболи кучето. Некои од нив се лесни за дијагностика и терапија, некои се значајно тешки, а некои се и смртоносни. Ветеринарната медицина има направено голем исчекор и напредок во однос на спречување на појава на болестите, правовремена дијагноза и успешна терапија. Денес не постои практично битна разлика во современата опрема и техника помеѓу хуманата и ветеринарната медицина. Лечењето се заоснава на одредени принципи и треба да ги спроведат оние кои се квалификувани и одговорни за тоа.
Ветеринарот е образувана и квалифицирана личност од која сопственикот може и има право да очекува стручна и адекватна и правовремена и ефикасна медицинска помош за неговото животно. Секако искусните одгледувачи, дресери, сопственици на кучиња со долгогодишно искуство како и кинолозите во одредени ситуации може да помогнат или дададат корисни совети, но треба да се направи јасна граница измеѓу медицинска помош, лечење и совет. Многу е важнио да сопственикот правовремено да ја примети промената на неговото животно која може да укажива на болна состојба. Кај големиот број на заболувања на време започната терапија единствено води до успех. При одење кај ветеринарот треба да се придружувате до одредени правила, како помошта на животното да биде адекватна. Кучињата поседуваат посебен начин на разбирање и соработка како и регирање кај ветеринарот и сопственикот на животното мора да ги препознае.
За ветеринарот од голема важност е објективна и доволна количина на податоци кои ги добива од сопственикот при клиничкиот преглед на кучето. Овие анамнестички податоци мора да бидат потполни и веродостојни. Сопственикот мора да каже кога првпат ги приметил симптомите и од кој интензитет, по што следи во какви амбиентални услови животното живее, дали било во контакт со други животни и дали се појавувале слични симптоми во минатото. Мора да се укаже на рани болести и третмани, постоење на алергии и претходни извршени оперативни зафати. Сопственикот не треба да ги проценува значајноста на одредени податоци за да ги предвиди за да во иднина овие податоци можат да бидат од голема корист на ветеринарот. Отворена и искрена комуникација помеѓу ветеринарот и сопственикот е единствен, исправен и сигурен пат за поставување на точна дијагноза и терапија.
За успешно поствување дијагноза, покрај анамнезата и клиничкиот преглед често мора да се употребат и додатни специјалистички испитувања кои се состојат од лабараториски анализи, рентгенски снимања, преглед со ултразвук, ЕКГ, ендоскопија, биопсија на одредени ткива и дијагностички оперативни зафати.
Пропишаната терапија воглавно ја спроведува ветеринар, поготово во првите денови од болеста кога исходот е сеуште неизвесен. Кога ќе дојде до значителни подобрувања останатиот дел од терапијата, кога се во прашање лесни интервенции, давање таблети, сируп мачкање со масти и слично, може да ги спроведе сопственикот во договор со ветеринарот. Треба да се истакне важноста на почитување на дадените ветеринарни упатства и протоколи како не би дошло до грешки. Исто така важно е да се однесе кучето на контролен преглед по завршената терапија за да се препорача правилен третман во периодот на опоравка на пациентот.