Во светот има многу бездомни мачки, кои често знаат да пренесат опасни заразни болести. Најдобра работа која можете да ја направите е да го спречите пренесувањето на болестите со вакцинирање, што е добра вест. Лошата страна е што лечењето е многу тешко.
5. Леукемија кај мачките FLV ( Feline Leukemia Virus)
Оваа болест се шири преку урината, секретите и исцедокот од носот. Болеста може да се пренеси преку гризење, делење на храна и користење на заеднички прибор. Осетлива група се младите мачинја кои можат болеста да ја добијат од возрасните или од својата мајка. Кај некои болеста брзо може да се појави, а кај некои за 2-3 недели. Главни симптоми на оваа болест се пролив, кожна инфекција, проблеми со очи и дишни патишта, неплодност, анемија....
Иако не постои адекватен лек за оваа болест, болеста може лесно да се спречи. Да се намали контакт со потенцијални преносители на болеста, одржување на животната средина во чисти услови и највано од се е даго вакцинирате вашето маче. Според истражувањата и праксата многу се ретки ситуации да заболат веќе вакцинирани мачиња.
4. FIV вирус кај мачките ( Feline Immunodeficiency Virus)
За разлика од хуманиот HIV, сексуланиот контакт не е главен начин за пренесување на FIV кај мачките. Првенствено овој вирус се шири преку гризење, а заболуваат најчесто оние мачки кои живеат надвор. За разлика од леукемијата кај мачките, оваа зараза не се пренесува така лесно од користење на исти прибор и делeње
Кога вирусот ќе дојде во крвотокот, може да остане неактивен со додека не се активира болеста. FIV е насочен према имунолошкиот систем, па кај мачките можат да се приметат зголемени лимфни јазли, чиреви на јазикот, воспаление на непцата, слабеење, кожни промени, пролив, анемија, .....
За да се спречи болеста мачето треба да се вакцинира и ревкацинира.
3. Бубрежно затајување
Оваа болест една од најчестите причини за смрт кај возрасните мачки. Причините се тесно поврзани со возраста, генетиката и влијанието на околината( пристап до отровни материи кои се постојано во животната средина). Оваа болест може да има акутен и хроничен ток. Акутната форма е поврзана со брз застој на работата на бубрегот, а хроничната форма е резулатат на прогресивно пропаѓање на функцијата. Можат да се појават многу симптоми кои ни даваат знаци на оваа состојба: премерно урунирање, зголемена жед, мачнина, повраќање, звук на пуцкетање на вилицата, дехидрација, запек, намален апетит, анорексија и поспаност. При појава на некои од овие знаци потребно е брзо реагирање и да се напрват сите потребни испитувања преку крв и урина.
Иако не постои адекватен лек за оваа болест, може со прилагодена исхрана, лекови и со терапија за хидратација. Ваквите животни можат преживеат и подолго, користејќи само 5-8 % од свиоте бубрези.
Чумата кај мачките е многу зарано заболување. Младите мачиња се со најголем ризик на заболување, кои најчесто умираат. И после давање на терапија, вирусот и понатаму се шири преку телесните течности, измет, гризење, користење на ист прибор за храна и вода. Болеста можат да ја пренесат и болвите. Болеста го напаѓа дигестивниот тракт особено цревата и имунолшкиот систем. Мачките кои се заболени од оваа болест имаа пролив, повраќање, дехидрација и анемија. Останати симптоми се депресија, гибење на апетит и поспаност. Дијагноза се поставува со испитување на крв и измет.
Лечењето мора да биде брзо, затоа што болеста може и за еден ден ден да предизвика смрт. За борба против оваа болест се корисат најразлични терапии, меѓу кои се трансфузија на крв, антибиотици и витамиски терапии. За идеална заштита од оваа болест е редовна вакцинација и ревакцинација.
1. Беснило кај мачките
Беснилото е една од најопсаните болести кај мачките и кај сите други животни, која може да се пренесе и кај човекот. Најчесто се сири преку гризење од диви животни. Беснилото го напаѓа нервниот систем и знае многу бавно да се развива. Може и 2-5 недели да се наоѓа во мачката а ништо да не се примети. Смптомите се слаба кординација, конјиктивитис, лигавење, грозница, чудно однесување, депресија, губење на тежина, изразена хидрофобија(плашење од вода). Лек за беснило не постои и нема никаков третман.
Најдоброто што може да го направите е да го вакцинирате вашето маче секоја година.