Генерално златните ретривери многу лесно се одржаваат. Имаат двослојни влакна, кои што се меки, мазни и имаат средна должина. До период од 6-7 месеци нивното влакно постојано се менува, и дури на возраст од една година може да се каже дека веќе им е оформено.
Со доаѓање на пролетта доаѓа и првото митарење, односно се менуваат подвлакната. Во овој период митарењето е интензивно и пожелно е барем еднаш дневно да се чешлаат. Што се однесува за горниот слој влакна, тие опаѓаат во текот на целата година но со многу
слаб интензитет, така што воопшто нема да се почуствувате како да се затрупани со влакна. И заради нивната должина лесно се отстрануваат од ткаенини, теписи и останати делови во домаќинството.
слаб интензитет, така што воопшто нема да се почуствувате како да се затрупани со влакна. И заради нивната должина лесно се отстрануваат од ткаенини, теписи и останати делови во домаќинството.
Во секој случај препорачливо е да си набавите четки за двата слоја на влакна така што ќе можете адекватно да го одржавате вашиот миленик. Стандардното одржување вклучува два пати неделно чешлаање. Користете тврда четка која ќе ги собере долгите и крупни влаква, а после тоа користете понежна четка која ќе ги измазни и ќе го зголеми сјајот на влакната. Ако се придржавате на овие правила ќе се намали потребата од често капење, сепак тоа е индивидуално и зависи од условите во кои што живее. Од кога ќе го искапете ќе приметите колку му се виткани влакната, доколку сакате да се исправени можете да користите фен. Четкајте ги со рамни движења и во таа насока фенирајте, така ќе ги исправите. Ова можете да го практикувате пред изложби и или некои други ивенти.
ТРИМИРАЊЕ И КРАТЕЊЕ
Повремено потребно е да се тримираат и кратат влакната на одредни регии на телото. Најчесто се однесува околу ушите. Се почнува со влакната позади ушите, нежно се одстранува вишокот а после тоа се кратат и влакната во внатрешноста на ушната школка.
На истиот принцип се кратат и влакната околу шепите, и потребно е да се пази од преголемо кратење влакна позади потколеницата. Исто така се јавува потреба и од кратење на влакната на опашката.
Најважно е кај тримираните делови е да не се приметно скратени, да не изгледаат како шишани и да имаат сменет изглед.
На оваа слика се гледа како треба да изгледа еден златен ретривер.
Прочитајте повеќе за :
- Како да ги заштитете вашите миленици од крлежи и болви.
- Алтернативна храна за пчели од растително потекло, замена на високо квалитетен природен полен - Feedbee
- Најчести кожни проблеми кај кучињата. Како да ги препознаете и да ги отстранете.
- Неколку совети како вашето куче да престане да скока околу вас.
- Дали вашиот миленик внесува доволно течности? постер презентација.
- Што може да јаде моето куче? постер презентација.
- Проблеми со аналната жлезда кај кучињата.
- "Cherry eye" Пролапсус на жлездата на третиот очен капак.
- Позитивните страни на стерилизацијата-кастрацијата на вашите миленици.
- Забен каменец кај кучињата.
- Десет раси на кучиња за алергични и осетливи луѓе.
- Шуга - Ушна шуга кај мачките.