Есента е речиси пред нашите врати. Подгответе ги вашите миленици навреме за подолг престој во природа. Тие можат да бидат загрозени од отровни растенија, отров за глодари, болви, крлежи и многу други опасности.
Опасност од природата.
Летните горештини се позади нас, и многу сопственици едвај чекаат да излезат во природа на долги прошетки, притоа да наберат и по некоја печурка, затоа што сега е време за нивна берба. Секогаш потребно е да се има ...
во предвид дека во овој период се присутни доста отровни растенија, меѓу кои се и печурките. Во овој случај внимавајте што вашиот миленик душка и грицка.
во предвид дека во овој период се присутни доста отровни растенија, меѓу кои се и печурките. Во овој случај внимавајте што вашиот миленик душка и грицка.
Освен печурките и некои растенија, опасност се и змиите кои се подготвуваат за зимскиот сон. Затоа препораката наша е зголемена внимателност.
Отрови за глодари.
Есента е сезона кога се поставуваат отрови за глодари. Се поставуваат насекаде, во урбани средини, на село... посебно загрозени се младите мачки и кучиња. Ако вие лично ги поставувате, поставете ги на места недостапни за вашите миленици и за децата, или користете замки за глодари кои воопшто не се опасни за нив.
Како да ги хранеме во ова време?
Со падот на температурата тие стануваат се поактивни и потребно им е повеќе енергија. Автоматски тоа значи појаки оброци. Но под услов истите оброци во текот на летото да биле намалени.
Иако летните горештини се позади нас секогаш останува правилото за свежата вода, да ја имаат постојано.
Одржување на крзното.
Крзното е огледало за здравјето на вашиот миленик. Колку и да им го отежнува животот во лето(посебно тие што се со црно крзно), во есен и зима им го олеснува животот. Под услов да е негувано. Што тоа значи? На време да се отстранат старите влакна. Четкајте ги секојдневно, и ако е тоа потребно и повеќе пати во текот на денот. Колку побрзо се отсранат мртвите влакна вашата гардероба ќе биде почиста, а кај нив подобрена ќе биде циркулацијата. Не чекајте сами да отпаднат во целост, тоа нема да се случи.
Болви и крлежи.
И во овие временски услови опасност претсавуваат болвите и крлежите. Затоа продолжете ја летната навика за заштита против нив и во овој период. Стопостотна заштита од крлежите нема, па затоа вршете преглед после секое шетање.
Прочитајте повеќе за :
Прочитајте повеќе за :
- Како да ги заштитете вашите миленици од крлежи и болви.
- Алтернативна храна за пчели од растително потекло, замена на високо квалитетен природен полен - Feedbee
- Најчести кожни проблеми кај кучињата. Како да ги препознаете и да ги отстранете.
- Неколку совети како вашето куче да престане да скока околу вас.
- Дали вашиот миленик внесува доволно течности? постер презентација.
- Што може да јаде моето куче? постер презентација.