Покрај најчестите надворешни паразити кои ги напаѓаат кучињата и мачките а тоа се крлежите и болвите, многу често имаат контакт и со вошки, демодексот и шугата. Шугата кај кучињата и мачките не е реткост, но ако ненавремено се лечи може да предизвика тешки проблеми.
Шугата претставува ектопаразитско заболување на кожата, во зависност од предизвикувачот различно се манифестира заболувањето на кожата со различна локализација.
Што се однесува кај мачките, најчест предизвикувач е Otodectes cynotis кој предизвикува ушна шуга, која се среќава и кај кучињата и е распостранет на сите континенти и Notoedres cati кој ја предизвукува класичната ушна шуга кај мачките. Во прашање е многу контагиозна болест, која многу лесно се шири кај мачките со директен контакт, контаминиран прибор и опрема, осебено кај младите, но може да заболат и возрасните мачки. Многу често страдаат оние мачки кои во себе го имаат вирусот FIV.
Болеста се локализира на главата на мачката (опаѓање на влакната, задебелување на кожата) пропратено со интезивно чешање, околу ушите и очите, и го зафаќа ушниот канал. И како болеста се шири, доколку не се третира може да го зафати вратот и целото тело. Самата болест е таква што интензивното чешање и смета во нормалното живеење, и се скратува спиењето и се намалува апетитот. Како резултат на оваа состојба таа видно ја губу својата тежина.
Интензивното чешање предизвикува аутотрауми, до степен на разранување, што дополнително го отежнува лекувањето во смисла на појава на бактериски инфекции.
За дијагностицирање на болеста се користи микроскопси преглед на примерок земен од кожата (скарификат) која на овој начин лесно се дијагностицира и многу успешно се лечи.
Прочитајте повеќе за :
Прочитајте повеќе за :
- Како да ги заштитете вашите миленици од крлежи и болви.
- Алтернативна храна за пчели од растително потекло, замена на високо квалитетен природен полен - Feedbee
- Најчести кожни проблеми кај кучињата. Како да ги препознаете и да ги отстранете.
- Неколку совети како вашето куче да престане да скока околу вас.
- Дали вашиот миленик внесува доволно течности? постер презентација.
- Што може да јаде моето куче? постер презентација.
- Проблеми со аналната жлезда кај кучињата.
- "Cherry eye" Пролапсус на жлездата на третиот очен капак.
- Позитивните страни на стерилизацијата-кастрацијата на вашите миленици.
- Забен каменец кај кучињата.
- Десет раси на кучиња за алергични и осетливи луѓе.
- Шуга - Ушна шуга кај мачките.