Најчести кожни проблеми кај кучињата. Како да ги препознаете и да ги отстранете.



Несте единствените дома кои можете да имате кожни проблеми. Кожата на кучињата исто така е подложа на заболување, осетлива на надворешните влијанија и болести. Пред се прегледајте го вашето куче, како би ги отстраниле болвите, крлежите и слично.







Најчести кожни проблеми кај кучињата:

1. Сува кожа - како кај луѓето и кучињата имаат со сувата кожа.

Симптоми:
-чешање, лижење или гризење
-видливи суви, перутави делови на кожата( понекогаш и по целото тело)
-воспалени/топли делови( посебно на местата кај што се чеша)
-стругање на телото од тврди остри предмети

Решение:




Решението за сувата кожа е користење на квалитетен шампон за сува кожа, кој треба да се користи два пати неделно. Ако проблем е многу интензивен, ќе мора да се препише адекватна терапија од ветеринар.

2. Чешање од стрес и досада

Во текот на ладните зимски денови, вашето куче поминува помалку време на отвоено, што може кај него да предизвика стрес и досада. Како причина на тоа може да дојде до чешање и лижење на нозете. Во тој случај препорачливо е повеќе играње со него, набавате му некоја интересна играчка со која може да си игра додека несте во негова близина.

3. Сезонска алергија

Секогаш кога зборуваме за сезонска алергија, прво на памет ни доаѓа кивање и созлење од очите, но кај кучињата се јавува промена и на кожата. Кучињата во пролет можат да бидат алергични на полен, трева, прашина, мувла ...

Исто така, прашината и мувлата можат да предизвикаат алергија во текот на целата година. Алергија можат да предизвикаат и некој пластичен прибор за јадење, теписи и домашни растенија.

4. Алергија на храна

Потребно е на сите да ни е јасно дека не смееме да го храниме кучето со храната која ние ја конзумираме. Алерија можат да предизвика и неквалитетна купечка храна, во тој случај барајте храна со добар балансиран и квалитетен состав.

Храна која често предизвикува алергии е:

- говедско месо
- пилешко месо
- пченица
- пченка
- соја
- хемиски средства за хигиена
- освежувачи на простор
- бои и лакови

За интензивни кожни проблеми контактирајте ветеринар.

ДОМАШНА ПОСЕТА моб: 078 206 972