Корона вирусна инфекција е заболување од кое заболуваат кучиња од сите старосни категории, но најчесто младите кутриња. Овој вирус е застапен во целиот свет исто како парвовирусот, само што е помалку летален.
Клиничките знаци на ова заболување варираат од многу благи до неприметни симптоми, па до многу озбилни симптоми, чија главна манифестација е јако повраќање и пролив. Кај кучињата заболени од корона вирус не доаѓа до ...
зголемена температура. Столицата кај болното куче варира во изгледот и бојата, и може да биде жолто – портокалова, црвенкаста или со примеси од крв. По конзистенција може да биде кашеста или потполно течна како вода, како и со доста слуз.
зголемена температура. Столицата кај болното куче варира во изгледот и бојата, и може да биде жолто – портокалова, црвенкаста или со примеси од крв. По конзистенција може да биде кашеста или потполно течна како вода, како и со доста слуз.
Сомнеж на ова заболување може да биде кај сите кучиња кои за брзо време заболуваат од дијареа и повраќање, но ако повеќето кучиња од леглото се афектирани. Важни податоци даваат и вакциналниот статус и некои други пратечки клинички манифестации. За разлика од парвовирозата, кај ова заболување ретко доаѓа до покачување на телесната температура, и ретко се појавува леукопенија( намален број на леукоцити) што е еден од симптомите на парвовирозата. Исто така и ретка е појавата на голема количина на крв во изметот. Меѓутоа многу често имаме мешана инфекција корона-парво...тоа е многу тешка состојба , најчесто фатална. Според некои студии застапена е 25 %.
За да се постави точна дијагноза неопходни се лабораториски испитувања, но затоа е потребно време, и затоа е препорачливо веднаш да се почне со терапија штом се сомневаме на корона вирусна инфекција. За среќа оваа инфекција најчесто не е фатална и потребна е само супуративна терапија.
Терапијата се заснова на надокнада на течности, лекови против дијареа. Повеќето заболени кучиња со адекватна и редовна терапија брзо заздравуваат. Но сепак смртност постои кај младите.
Како профилактична мерка против корона вирусната инфекција е вакцинацијата.
Прочитајте повеќе за :
- Како да ги заштитете вашите миленици од крлежи и болви.
- Алтернативна храна за пчели од растително потекло, замена на високо квалитетен природен полен - Feedbee
- Најчести кожни проблеми кај кучињата. Како да ги препознаете и да ги отстранете.
- Неколку совети како вашето куче да престане да скока околу вас.
- Дали вашиот миленик внесува доволно течности? постер презентација.
- Што може да јаде моето куче? постер презентација.
- Проблеми со аналната жлезда кај кучињата.
- "Cherry eye" Пролапсус на жлездата на третиот очен капак.
- Позитивните страни на стерилизацијата-кастрацијата на вашите миленици.
- Забен каменец кај кучињата.
- Десет раси на кучиња за алергични и осетливи луѓе.
- Шуга - Ушна шуга кај мачките.