Причинителите на заразни болести кај кучињата можат да бидат бактерии, вируси, протозои, габички и рикеции. Овие болести најчесто се пренесуваат од едно животно на друго со директен контакт, инфицирана урина, измет, други телесни секрети или со вдишување на заразни агенси. Многу од овие причинители можат многу долго да преживеат во надворешна средина што е од големо значење за контрола и сузбивање на заразните болести.
Заразните болести се вбројуваат во заболувања на кучињата со висок степен на моталитет (смртност) и во ситуации кога со терапија ќе се започне ...
во првите денови на заболувањето. Затоа основен вид на заштита против овие заразни болести претставува вакцинацијата, со која се стимулира производство на антитела.
во првите денови на заболувањето. Затоа основен вид на заштита против овие заразни болести претставува вакцинацијата, со која се стимулира производство на антитела.
Постојат два типа на вакцинација. Првиот тип е вакцина која содржи модифициран жив вирус кој доведува до некое заболување. Овој вирус е ослабен до таа мера да не предизвикува заболување, но го стимулира организмот на кучето да продуцира антитела. Другиот тип на вакцина содржи инактивиран или мртов вирус, кој истотака има способност во организмот да стимулира имун одговор. Без разлика со кој тип на вакцина се работи, потребно е да се врши ревакцинација во одреден временски интервал за да се одржи адекватно ниво на антитела во организмот, кои овозможуваат сигурна заштита.
Иако вакцините се најефикасен метод на превентива и борба против зараните болести, се случува и вакцинираните кучиња, особено помладите да заболат. Постојат неколку причини за ова: неадекватен начин на траспорт или чување, неправилен начин на давање на вакцина, прерано или закаснето давање на вакцина, вакцина со стар рок, делење на една вакцина на повеќе делови и давање на несоодветна доза, неможност имунолошки кучето да одговори на дадената вакцина.
Кучето кое се вакцинира мора да биде здраво и само во тој случај може да се очекува поволен имунолошки одговор на вакцинираната едеинка. Заради тоа ветеринарот пред давањето на вакцината потребно е да изврши клинички преглед на животното и да одлучи дали кучето е во добра здраствена состојба која овозможува несметана вакцинација.
Кутрињата и младите кучиња се многу осетлива старосна категорија на одредени заразни болести и тие мораат да се вакцинираат штом нивниот имунолошки систем е доволно развиен. Во болестите протв кои обавезно се врши вакцинација со вбројуваат : беснило, штенечак, заразно воспаление на црн дроб, парвовирусна инфеција, лептоспироза, параинфлуенца и коронарна инфекција кај кучињата.